Никола Спасов на AllWeb 2014: Македонските брендови немаат оригинална содржина

Ако сакате да бидете успешни на Facebook, тогаш најдобро е да не ги земате македонските брендови и нивните кампањи за пример. За вирални кампањи треба да се исполнат некои услови, како креирање на оригинална содржина или емотивни видеа. А тоа македонските брендови едноставно не го прават, вели Никола Спасов, основач на агенцијата Рејтинг, кој направи истражување на над 3.600 постови од 45 Facebook страни.

Оригиналноста е еден од предусловите за виралност. Но, Facebook истражувањето покажа дека македонските брендови не знаат како да продуцираат содржина. Еден лош податок е дека само 3 отсто од споделените постови се видеа, и тоа два отсто од нив се телевизиски реклами на операторите. Но, дури 8 од 10 вирални кампањи се видеа! Проблемот е што македонските брендовите го користат Facebook за досадна и еднолична промоција на своите продукти, иако – а ова е споменато мал милион пати – треба да остварат интеракција со корисниците преку оригинални кампањи. Оваа мантра за креирање на оригинална содржина се провлекуваше низ сите презентации на овогодинешната конференција за вирален маркетинг AllWeb 2014, на кој Никола го презентираше своето Facebook истражување.

Но, оригиналната содржина не е доволна. Виралната кампања треба да предизвикува емоции, најчесто позитивни затоа што се работи за бренд. Идејата зад виралноста, вели Никола, е дека брендот не станува вирален, туку приказната „која колку е почовечна, толку поголеми шанси има да биде вирална“. Но, истражувањето покажа дека од сите анализирани постови дури 40 отсто од нив не предизвикуваат емоции, туку се едноставно промотивни содржини. Само 2 отсто предизвикуваат силни емоции кај корисниците, или 13 отсто предизвикуваат значителни емоции. Знаејќи го ова решението е многу едноставно. Брендовите треба да им понудат на корисниците нешто покреативно, и да не се плашат да експериментираат.

[youtube]ZrtVJPcAbGM[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments