0 коментари 2 мин. читање 27 ноември, 2014

Ова е добра идеја! Firefox ќе добие едно копче за сите пребарувачи

Полето за пребарување во Firefox наскоро ќе доживее редизајн, јави Mozilla на својот блог. Ова ќе им овозможи на корисниците веднаш да си изберат пребарувач кој ќе им го даде посаканиот резултат, пример ако сакаат да најдат сајт можат да пробаат Google, ако сакаат информација можат да пребараат на Wikipedia.

Полето за пребарување доаѓа со редизајн. Поправени се сугестиите за пребарувањата и сега се поорганизирани, покрај ова додадени се и повеќе полиња под сугестиите кој ќе ви овозможат да пребарувате по сајтовите. Firefox ќе доаѓа со сет од преинсталирани пребарувачи, кои корисниците можат и да ги прилагодат на своите потреби. Но, корисниците едноставно ќе можат да додадат и други.

„Дали сте веб девелопер? Тогаш зошто да не ги додадете MDN и Stack Overflow во пребарувачите? Секојдневно пишувате? Додајте речник! Едноставно со клик на лупата во полето за пребарувње додека сте на сајтот и одберете го пребарувачот кој сакате да го додадете“, вели Mozilla.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top