Соларни киоски можат да понудат интерактивна едукација и во најдалечните места

во Свет

Hello Hub е open source проект од Projects for All кој овозможува образование и настава каде тоа е отежнато или воопшто не е можно. Првиот ваков прототип киоск е изграден во Нигерија, каде покрај проблемите со достапноста на образованието, граѓаните имаат и проблеми со екстремистичката група Боко Харам, која оваа година киднапираше 300 девојчиња, јави Fastcoexist. Hello Hub е робусен киоск кој електричната енергија ја добива од соларни панели кои се инсталирани во самиот уред. Киоскот е поврзан со Интернет, а покрај ова има инсталирано и стотици едукативни игри од кој најмладите можaт да се едуцираат. Со оглед на тоа дека Hello Hub е наменет за сите временски услови, киоскот може да издржи песочни бури, дожд и илјадници корисници.

Но, креаторите велат дека Hello Hub мора да се одржува од заедницата, не од нив, бидејќи сакаат заедницата да го прифати киоскот и да почне вистински да го употребува.

„Може да дојдеме во заедниците и да го изградиме Hello Hub за нив. Ако го направиме ова ќе ни биде потребен еден ден да го составиме Hello Hub, да го објавиме на Facebook и да си заминеме, но ова нема да трае мислам дека луѓето нема да го ценат и да гористат на овој начин. Мислам дека ќе остане без поддршка и луѓе на овој начин“, вели Сугата Митра, идејниот творец на Hello Hub.

Наместо ова Hello Hub се одржува од заедницата. Таа треба да преговара за соларната енергија, да пронајде место за киоскот, да обезбеди транспорт, но и да помогне да се изгради киоскот. Некој пат ќе треба да се склопи и расклопи неколку пати пред да биде направено како што треба.

„Заедницата одделува голем дел од своето време за овој проект. И на крајот знаат дека кога ќе заминеме тоа е нивен Hello Hub. Ќе го изградат и потоа можат самите да го одржуваат, разбираат и го ценат“, вели Кетрин Мекмилан, директор на Projects for All.

[youtube]_8mygrERY2s[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments