Еве ги неколкуте интересни гласини за новините во Windows 8, кои се откриени во разните тест верзии на оперативниот систем што не значи дека ќе се појават и во финалната верзија.
- Се очекува да работи и на таблет компјутерите. Веќе беше откриено декa Dell има план за Windows 8 таблет компјутер, a и според технологијата на спакување на апликациите можеби и ова не е баш некоја гласина.
- Mac има, Linux има, сите мобилни платформи имаат, сега е ред и Windows да има продавница за аплиакции.
- Напреден Task Manager со детали за апликациите кои работат во моментот и колку ресурси трошат.
- History Vault, ќе ги чува фајловите и податоците кои се складирани во случај да има потреба да се повратат, налик на Time Machine на Apple.
- Oнлајн ID преку кој се зачувуваат сетинзите за Windows 8 кои можат да се искористат да се стартува претходно персонализиранот десктоп од било каде.
- Логирање на таблет компјутерите со лозинка на допир како на Android телефоните и препознавање на лице при логирање на компјутерот или лаптоп користејќи веб камера.
- Синиот екран на смртта, познат екран кој се појавува при срушувањето на Windows, кој дури го прекина и Бил Гејтс за време на презентација, ќе биде заменет со нешто поинформативно.
(via Business Insider/WinRumors)









xp
Следниот пат кога пишувате некоја статија бидете објективни и кажете тоа што треба , а не да бранете некои ваши ставови . Ако не го сакате Microsoft тогаш воопшто не мора да пишувате.
Немам желба да ја читам статијава – исто како Латас да го читам.
Хмм,… ова се само претпоставки за новините во Windows 8, не знам зошто мислиш дека „бранам ставови“.