Комерцијалната верзија на ChatGPT Plus ќе чини 20 долари месечно

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Пред само неколку месеци во ноември, OpenAI го претстави ChatGPT. Вештачка интелигенција која има одговори за секое наше прашање, може да креира текстуални игри, да пишува поезија, ги воодушеви сите. Стартапот оваа недела најави дека комерцијалната верзија ќе биде достапна во следните неколку недели и ќе чини 20 долари месечно.

Претплатниците ќе имаат пристап до ChatGPT дури и кога оптоварувањето е преголемо; ќе ги добиваат одговорите побрзо, а ќе имаат и приоритет до новите функционалности и надградби.

Засега претплатата на ChatGPT Plus ќе биде достапна единствено за корисниците од САД. Сепак креаторите на вештачката интелигенција велат дека во иднина претплатата ќе биде достапна и во другите региони. Open AI веќе започна да ги контактира корисниците кои се на листата на чекање.

Бесплатната верзија на вештачката интелигенција ќе остане достапна за сите корисници. Од OpenAI се надеваат дека претплатите ќе бидат доволни за да може да се одржи бесплатниот модел. Цената за работа на ChatGPT е прилично висока. Секој одговор чини неколку центи, па цената на оперирање на системот е прилично висока.

ChatGPT е технологија која најбрзо стигна до 1милион корисници. Вештачката интелигенција може да генерира текст за кој корисниците веќе најдоа куп примени. Студенти го користат за да генерираат есеи и за истражување, компании генерираат маркетинг материјали и имејл. CNET користи вештачка интелигенција за да креира статии (иако не chatGPT, туку OpenAI GPT-3).

Eкспертите веќе веруваат дека вештачка интелигенција како ChatGPT може да биде иднината на пребарувачите. Некои експерти веќе излегоа со предвидувања дека за 2, 3 години ChatGPT ќе го замени Google.

Bing со ChatGPT

Една од првите компании која го прифати ChatGPT во пребарувачот е Microsoft. Следните неколку недели побрза верзија на ChatGPT ќе биде додадена на Bing, вели Semafor.

Во пребарувачот ќе биде додадена следната генерација на вештачка интелигенција од OpenAI, GPT-4. Со ова Microsoft ќе се обиде да ја предизвика доминацијата на Google. Додавањето на GPT-4 ќе овозможи добивање на одговори налик на човечки во резултатите од пребарувањата, наместо само линкови кои можеби го содржат одговорот.

Засега нема потврда од OpenAI и Microsoft. Сепак не така одамна Microsoft и OpenAI го продлабочија своето партнерство со нова повеќегодишна инвестиција вредна неколку милијарди долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments