Вештачката интелигенција и дигиталната трансформација клучни за континуиран раст на бизнисот

На првиот ден од Solveo’s InnovateX Festival 2024, лидерите во индустријата ја истакнаа клучната улога на дигиталната трансформација и стратешките иновации кои се клучни за поттикнување на растот на бизнисот. Првиот панел се фокусираше на искуства и размислувања поврзани за користење технологии како што е вештачката интелигенција. Со ваквите технологии се овозможува лесно, но ефикасно прилагодување, како и брзо менување на динамичниот бизнис пејзаж.

Оптимизмот на вештачката интелигенција во бизнис секторот

Владимир Ристевски, партнер и креативен директор во Piksel, го истакна трансформативниот потенцијал на вештачката интелигенција. Кога се работи за генерирање креативни идеи и подобрување на деловните резултати, вештачката интелигенција може да анализира огромни количини на податоци за да открие корисни шеми и сознанија. Таквиот увид често не е инстантно забележлив од човечките аналитичари. На пример, клиент за е-трговија откри дека 70% од посетителите на нивната веб-страница имаат силен интерес за спорт. Со интегрирање содржини поврзани со спорт во нивните маркетинг кампањи, тие забележаа значителни зголемувања во:

  • продажбата
  • ангажманот на клиентите и
  • свесноста за брендот 

Тој исто така нагласи дека успешната интеграција на вештачката интелигенција бара длабоко разбирање на базата на клиенти. Брендовите кои покажуваат свесност за пошироките интереси на нивните клиенти можат да создадат поперсонализирани и попривлечни маркетинг стратегии. Овој пристап не само што ја зголемува продажбата, туку и гради посилна емоционална врска со клиентите, со што се зголемува и лојалноста кон брендот.

„Ако користите вештачка интелигенција на паметен начин, можете да разберете кои се потребите на вашите клиенти. Како компанија, ако сакате да оставите впечаток дека сте бренд кој навистина се грижи за своите клиенти, ќе најдете начин да им го покажете тоа. Да речеме дека, хипотетички, освен што продавате iPhone-и, откријам дека имате интерес за спорт или за готвење. Ваквиот увид ќе ми дозволи да внесам дел од тоа во мојата стратегија за маркетинг и преку такви содржина да ви покажам дека како бренд се грижам за вашите желби и потреби “, објасни Ристевски.

Влијанието на СОВИД-19 врз деловните стратегии

За Наташа Б. Миркова, управен директор на Represent Communications Macedonia,  пандемијата COVID-19 ги ​​има принудено компаниите да ги преиспитаат своите стратегии, особено во однос на дигиталната комуникација и е-трговијата. 

Сè започна со КОВИД. Во времето на пандемијата, видовме дека е-трговијата почна да расте. Таквото нешто се должеше на советите на медицинските експерти да седиме дома и да купуваме онлајн“. вели таа, прикажувајќи го примерот на една компанија од финансискиот сектор, која претходно ја занемаруваше надворешната комуникација и која мораше брзо да развие нова стратегија за усогласување со промената кон онлајн трансакции.

Како резултат на тоа, компанијата значително го прошири своето присуство на пазарот и го удвои својот профит за неколку години.

Според Миркова, има и критична потреба од агилност и приспособливост во бизнисот. Пандемијата го забрза усвојувањето на дигитални алатки и е-трговија, туркајќи ги компаниите да иновираат и да најдат нови начини да допрат до нивната публика. Оние кои беа во можност брзо да се прилагодат на овие промени не само што преживеаја, туку и напредуваа во новата дигитална економија.

Ефикасност на вештачката интелигенција во откривањето измами

За Александар Ников, шеф за иновации во Netcetera, вештачката интелигенција има напреднато во делот со откривање измами во секторот за здравствено осигурување. Со автоматизирање на процесот на идентификување сомнителни тврдења, вештачката интелигенција може значително да го намали обемот на работа на вработените и да ја зголеми точноста на откривање измами. Ова им овозможува на компаниите да ги фокусираат своите ресурси на вистински случаи, подобрувајќи ја севкупната ефикасност и намалувајќи го ризикот од измама.

„Произлеговме со решение кое ни дозволи да ги означиме тврдењата на кои агентите треба да им посветат повеќе внимание, а само да ги земат во предвид оние за кои сме апсолутно сигурни дека нема измама. На овој начин, не се губи време. Ова навистина им помогна (на агентите) да бидат многу попрецизни при откривање измами. Покрај потенцијал за намалување на тимот што работи на обработка на барањата, се создадоа услови за намалена оптовареност на агентите, со што вработените можеа да се фокусираат на она што беше најважно. Благодарение на генеративната вештачка интелигенција, работиме и во областа на извлекување податоци од документи и обработка на податоци од документи.  Таквото нешто го направивме во последните шест, седум години“, посочува Ников.

Тој, исто така, го истакна напредокот во генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели. Напредокот во овие две области допринесе до подобра способност за извлекување и обработка на податоци од документи. Технологиите овозможуваат попрецизно и поефикасно ракување со големи збирки на податоци. Како резултат, се добиваат непроценливи алатки за индустриите кои во голема мера се потпираат на обработка и анализа на податоци.

Улогата на образованието во дигиталната трансформација

Ристевски ја истакна и важноста на образованието во дигиталната трансформација, објаснувајќи дека кога неговата компанија почнала да функционира, главен предизвик бил нудење правилна едукацијата на клиентите за дигиталниот маркетинг и онлајн деловните практики. Пандемијата COVID-19 послужи како катализатор, со што вредноста на дигиталната трансформација стана очигледна за пошироката публика. Сепак, тој предупреди од избрзаното усвојување на вештачката интелигенција без соодветно разбирање и тестирање. 

Одредени компании побрзаа во автоматизацијата и не ги земаа во предвид сите потенцијални сценарија. Поради тоа, таквите компании честопати се соочуваа со реакции од клиентите кои реагираа на фрустрирачки и несоодветни интеракции со вештачка интелигенција.

„Колку повеќе луѓе се едуцираат за тоа како да користат вештачка интелигенција – толку подобро. Ова не значи само за оние кои рано ќе почнат со ваквата стратегија туку за сите воопшто. Треба да го дистрибуирате тоа знаење низ целата компанија. Не е важно дали луѓето користат вештачка интелигенција во нивната секојдневна работа. Тие мора да ја разберат ВИ за да знаат како да дојдат до решението секојпат кога има проблем“, додава тој.

Водејќи се од горе-кажаното, образованието не е само за усвојување нови технологии, туку и за разбирање како тие ефективно да се користат. Во ова се вклучува и обука на вработените за пишување соодветни инструкции за вештачка интелигенција, како и заразвивање сопствени модели на вештачка интелигенција кои се прилагодени на специфичните деловни потреби. Ваквите напори обезбедуваат имплементациите на вештачката интелигенција да се робусни, доверливи и способни да ги подобрат искуствата на клиентите ,а не да ги намалат, забележува Ристевски.

Предизвиците на јазикот и регионалните разлики

При имплементирање на технологии за вештачка интелигенција, Ристевски ги наведе и предизвиците со кои се соочуваат регионите од неанглиско говорно подрачје. Еден од таквите региони е и Македонија,. Недостатокот на податоци на локални јазици може да ја попречи ефективноста на апликациите за вештачка интелигенција. За да се премости овој јаз, тој ги повика локалните ИТ компании да инвестираат во развивање модели на вештачка интелигенција кои ги разбираат и обработуваат регионалните јазици. Ова ќе им овозможи на повеќе бизниси да ја користат вештачката интелигенција и да ја подобрат нивната продуктивност и конкурентност.

Ников се согласува со ваквото размислување, посочувајќи, притоа, дека регионите во развој често заостануваат во имплементацијата на вештачката интелигенција. Покрај регулаторните ограничувања, ова се јавува и како резултат на ограничениот пристап до напредните технологии. За да се реши ова, треба да има заеднички напори за развој и распоредување на решенија за вештачка интелигенција кои се грижат за специфичните потреби и контексти на овие региони.

„Тоа што има поголема побарувачка за вакви решенија, значи дека ќе има и повеќе провајдери. Но, во моментов, се чини дека регионите во развој заостануваат“, рече Ников.

Иднината на вештачката интелигенција во здравството и другите индустрии

Ристевски замислува иднина каде што вештачката интелигенција и опремата за носење, како што се паметните часовници, играат значајна улога во здравството. Овие уреди можат да соберат огромни количини на лични здравствени податоци, кои, кога се анализираат со вештачка интелигенција, можат да дадат вредни увиди во здравствените обрасци и однесувања на поединецот. 

За возврат, ова може да овозможи поперсонализирана и проактивна здравствена заштита , при што лекарите користат увиди генерирани од вештачката интелигенција за да понудат приспособени совети и интервенции.

Тој, исто така, побрза да ја истакне важноста на заштитата на податоците. За да се спречи злоупотребата на личните здравствени податоци, придобивките од вештачката интелигенција во здравството треба да се избалансирани со силните заштитни мерки.

„Постои тенка линија помеѓу некој што ги користи вашите податоци за да ви помогне и некој што ги злоупотребува вашите податоци.“ заклучи Ристевски.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments