Windows 8 можеби се продаде во над 40 милиони копии до сега, но изгледа дека оваа бројка е далеку од предвидената продажба од Microsoft. Win Super Site јавува дека компанијата од Редмонд, откако ги реши проблемите во своите редови (го отпуштија г. Синофски), сега ги најдоа и останатите „виновници“.
Први на листата се производителите на PC-ja кои се обвинети дека неможат да „испорачаат“ доволно добар хардвер и поради ова Microsoft е принуден сам да го произведе и хардверот (Microsoft Surface). Оваа изјава е само сол на раната на производителите на хардвер, кои сè уште не му го простија влегувањето на пазарот за таблет и хибридни комјутери на својот поранешен партнер.
И ако Microsoft се надевал на преголеми бројки од продажбата, производителите на PC-ја за Wired велат дека нивните проекиции се исполнети или блиску до исполнување. Ова не е поради тоа што бројките од продажбата на Windows 8 се фантастични, туку поради тоа што, производителите попретпазливо ги проектирале бројките пред се поради тоа што сега има повеќе конкуренција на пазарот. Со ова се согласни Sony, Тoshiba i Dell, додека Samsung, HP и Lenovo се одлучиja да не коментираат за оваа тема.
Сепак команиите не се незадоволни од сегашната соработка со Microsoft, Нил Хенд од Dell за соработката со гигантот изјавува: Поддршката и преписките со Microsoft околу него(XPS 12) е исклучителна. За секоја голема транзиција се потребни повеќе од неколку недели за да се зафати.
Покрај ова мислењето кое владее помеѓу поранешните партнери е дека расправиите и префрлањето на вината, не помагаат за зголемувањето на продажбата. Во таа насока е и размислувањето на Џеф Барни од Toshiba, кој изјави дека: „OEM и Microsoft мора да излезат заедно и со заедничка порака, која мора да биде фокусирана на допирот како клучна карактеристика на оперативниот систем“. Дејв Мекфарланд од Sony надополнува: „Двете страни мора да им објаснат на купувачите дека им е потребен Windows 8. На пример за Sony допирот е клучна карактеристика“.
За жал, некои аналитичари можеби неоправдано, веќе започнаа издавањето на Windows 8 да го споредуваат со излегувањето на Windows Vista. Ако Vista можеби и е недоволно изработен, дали најголем недостаток на Windows 8, пред се за PC-јата, е неговата основна предност, функционирањето на допир. Најголем број од коментарите на форумите, всушност и не се однесуваат на десктоп верзијата на Windows, туку пред се на Windows RT и Windows 8 Phone. Очигледно е дека Microsoft може многу повеќе да направи за да ги разграничи оперативните системи и да ги објасни предностите на сите од нив за различните платформи.







