2 коментари 1 мин. читање

Chrome губи корисници трет месец по ред

Дефинитивно ноември беше месец во кој една од главните теми беа прелистувачите, како новиот Microsoft Internet Explorer 10, Mozilla Firefox верзијата 17 и Google со 23-та верзија на својот Chrome. Интересно, во овој период, Internet Explorer доби импресивни проценти на користеност и тоа 0,63% поени, Firefox бележи загуба од 0,45% поени, додека ова е веќе трети месец како Chrome има пад и сега е веќе со помалку од 1,31% поени.

Со новата верзија, исто така, Internet Explorer се врати горе и повторно зафаќа повеќе од пола од пазарот. Целата оваа претумбација од еден прелистувач за кој сите имаа лоши зборови, се случи во месецот кога беше објавен Windows 8 и во моментот има користеност од 54,76 проценти.

Користеноста на Firefox е 20,44 посто, додека само последната верзија (v. 17) го крена процентот на користеност за 1,15 посто. Сите претходни верзии, бележат пад во користеноста. И на крајот од најдобрата тројка е Chrome со своите 17,24 проценти. Единствен позитивен учинок на пазарт има Chrome 23 со солидни 10,52 посто, додека сите претходни верзии бележат огромна загуба на корисници.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top