НЕ СЕ ДЕРИ!, почитувај ја приватноста, не си го лајкнувај својот статус, користи пораки за приватни разговори, не навредувај, не постирај по 50 пати на ден… ова се само неколкуте препораки на новата иницијатива еБонтон која има за цел да го подобри однесувањето на интернет друштвените мрежи.
Оваа иницијатива е посебно важна за помладите корисници кои моментално се опседнати со „четување“ меѓу себе на друштвените мрежи, поточно Facebook каде има над 480.000 профили на лица од 13 до 20 години. Интересно, сајтот има и можност самите корисници да испратат свое правило.
„Многу работи се сменија откако бонтонот се состоеше од ‘добар ден’, ‘молам’ и ‘благодарам’, кога тоа беше и основната манифестација на почит кон другиот. Комуникацијата денес се прошири и во дигиталниот свет, каде што нашето однесување е исто така важно. И таму важи максимата – Не им го прави на другите она што не сакаш да ти го прават тебе.“
еБонтон е проект на фондацијата е-Македонија на Македонски телекон.








