0 коментари 2 мин. читање 6 декември, 2012

ИТ настан: Бори се женски! Саjберфеминизам со Cyber Wanderlust

Бори се женски е мотото на серијата настани кои ќе се случуваат во Скопје. На првиот настан кој ќе се одржи на 12 декември ќе гостува српската блогерка и активистка Cyber Wanderlust (позната и како Драгана Варединац), која ќе покаже кои се алатките и методите за отпор кои сајберфеминистките ги користат во секојдневната борба против „сајберпатријархатот кој е вчитан виртуелниот простор“.

Настанот има за цел да отвори дискусија и да им даде поттик на македонските женски интернет корисници да се изборат за своето еднакво право. Во Македонија е проблем што поголем дел од жените се прикажуваат како потчинати во виртуелниот простор како што го прават тоа и во „реалниот живот“.

„Нашите сајберфеминистики на Twitter велат дека губат следбеници кога твитаат за феминизам, а мизогените коментари, шеги и дискурс се сеприсутни во онлајн светот. Кај нас во Македонија свеста за ова прашање и за потребата од борба е на сам зачеток. Затоа и се надеваме дека ќе научиме нешто од Cyber Wanderlust.“, вели Тамара Атанасоска, активистка од Реактор.мк.

Настанот е отворен за сите. Повеќе детали ќе најдете на настанот кој е закачен на Facebook.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top