4 коментари 2 мин. читање

ИТ Настан: Нека започнат Националните квалификации во е-Спорт!

Македонската е-Спорт Федерација, како што веќе напоменавме, утре ги организира Националните квалификации во е-Спорт. Повеќе од 200 учесници, со почеток во 10 часот, ќе ја почнат трката во три дисциплини – Counter Strike: GO, League of Legends и Hearthstone.

Натпреварите ќе се организираат на три локации: во клубот Ентити во Охрид, во клубот Инсомниа и во Јавна соба во Скопје. Организаторот Македонската е-Спорт Федерација, со поддршка на Pay net, очекува повеќе до 2.000 посетители и над 10.000 онлајн гледачи. Победниците на овој турнир ќе ја формираат македонската е-спорт репрезентација и ќе ја претставуваат Македонија на светското првенство во Џакарта, Индонезија, од 6 до 9 октомври 2016 година, како што го направија тоа е-спорт репрезентациите во изминатите години.

Во изминативе два месеци, како дел од Првата Pay net Е-спорт Лига, се натпреваруваа повеќе од 90 учесници. Најдобрите од лигата ќе бидат дел од овој квалификациски турнир. Е-спортот, последниве месец дена станува доста актуелна тема кај нас, особено по второто освоено место на Saksa и неговиот тим Digital Chaos на The International.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top