Наскоро ќе гледаме Disney цртани на YouTube

во Веб

YouTube минатата недела официјално го објави планот за креирање на оригинална содржина, како и дел од партнерите и каналите кои ќе бидат вклучени во овој проект. YouTube се збогати со уште еден партнер, кој сигурно ќе придонесе во огромна мера за креирање и промовирање на оригинална YouTube содржина. Станува збор за Disney, една од најголемите компании во забавната индустрија.

Според New York Times, се работи за мала заедничка инвестиција од 10 до 15 милиони долари, која може да донесе далеку поголем профит, како за YouTube, така и за Disney. Оваа инвестиција е наменета за креирање на оригинални серијали кои ќе можат да се гледаат и на YouTube и на веб сајтот на Disney, кој треба да биде освежен во 2012. Во извештајот на New York Times исто така стои и дека каналот на Disney ќе вклучува и аматерски видеа.

Причината зошто Disney се осврнува кон YouTube е тоа што компанијата се соочува со големи проблеми да ја привлече помладата генерација на својата платформа. YouTube се смета за помодерна платформа која го привлекува вниманието на младите, и оттука може полесно да им се пристапи. Според Џејмс Питаро, ко-претседател на Disney, важно е за компанијата да биде присутна таму каде што е публиката. Идејата зад ова партнерство е да се донесе содржината на Disney на нова генерација семејства на платформи кои тие ги претпочитаат.

YouTube од ова партнерство се надева дека ќе стекне подобра репутација помеѓу родителите, многу од кои сметаат дека оваа платформа не е соодветна за млади деца, поради големиот број на провокативни видеа и коментари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk