Американските власти ја прислушувале и Европската Унија

0 коментари 2 мин. читање

Новите документи кои ги сподели Едвард Сноуден покажуваат дека САД ги прислушува своите европски партнери. Помеѓу прислушуваните се Франција, Италија, Германија, но и амбасадите на Грција, Јапонија, Мексико, јавува The Guardian.

Методот на прислушување е објаснет ва еден од документите дека проектот DROPMIRE е вграден во факсот на амбасадата на Европската Унија во Вашингтон. Факсот во амбасадата бил користен за испраќање пораки во Министерствата за надворешни работи на членките на Европската Унија, а истовремено пораките пристигале и до Агенцијата за национална безбедност (NSA). Членките на Унијата се прислушувани за податоци кои ќе ги покажат можните разидувања помеѓу членките.

Во Брисел, Советот на Европската Унија е прислушуван од Седиштето на НАТО која се наоѓа во непосредна близина, јавува Spiegel. Покрај електронската пошта и податоците од хард-дисковите, Советот е прислушуван и со традиционални методи како електронски „бубачки“ кои се поставувани во канцелариите.

Изненадување е што сите прислушувани држави се третирани подеднакво, пример Германија е третирана еднакво со Иран и Кина. Министрите за надворешни работи на Германија и Франција и официјално бараа објаснување од САД за ваквото однесување кое потсетува на деновите од студената војна. Во меѓувреме продолжуваат и шпекулациите со идната локација на г.Сноуден, кој барем засега сеуште е на аеродромот во Русија. Како можна идна локација се наведува Еквадор, иако руските власти по се изгледа немаат намера да го екстрадираат во САД.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top