Тука и таму, ќе се појават игри со интересна второстепена улога. На прв поглед, би можеле да помислите дека Narcalid е едноставна авантура со елементи на истражување и загатки. И, би биле во право! Но, низ долгата игра, Narcalid воведува и гејмплеј елементи кои бараат од вас, или барем ве охрабруваат да користите најразлични методи за медитација. Како резултат, добивате игра во преубав, невообичаен и мистериозен свет кој, во комбинација со бројните елементи, е замислен да ве релаксира и замисли.
Надеж и откритие
Во Narcalid можете да навлезете сами или со уште тројца пријатели. Ние ја проверивме играта сами, но уште на самиот почеток ни стана јасно дека чедото на Lotus Mountain Creative вистински сјае само кога се игра во ко-оп.
На располагање имате четири ликови. Секој од ликовите се одликува со уникатни способности. Овие способности ви помагаат за напредување низ играта и за решавање најразлични загатки. Доколку играте со пријатели, дали онлајн или преку сплит скрин, целото искуство е пофлуидно и без непотребни паузи од скокање од еден на друг лик.
Со заедничка соработка, ликовите трчаат на сите страни и ги користат нивните способности за напредување низ Metroidvaniа дизајнираната мапа. Па така, еден ја поттиснува угнетувачката пара со штитот, друг поместува тешки препреки, и слично.

Од време на време, играта ќе ве замоли да заземете удобна положба и да започнете медитација. Овие делови се органски имплементирани во играта и даваат посебен шарм на целата презентација, особено кога ќе се земе во предвид моќната инспиративна музичка подлога.
Управувањето со ликовите знае да биде несмасно на почетокот и да алудира на исклучително ограничен буџет, но, откако ќе се поминете низ фазата на привикнување, светот кој се отвара пред вас е огромен. Исто така, моментите на медитација може да бидат чудни помеѓу сите инволвирани, особено ако имате шегобиец во групата.
Во случај да сакате да поминете квалитетно време со вашето семејство и пријатели, ова е игра која ќе понуди предизвикувачки загатки во невообичаени места и со бројни непријатели и босови. Згора на тоа, ќе научите да дишете длабоко, да броите смирено до 10 и да викате ооооомм. Може ли да биде подобро од ова?




Повеќе детали за играта
- Произведува: Lotus Mountain Creative
- Издава: Lotus Mountain Creative
- Жанр: авантура
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 8 август 2024







