Гејминг препорака: This War of Mine: Final Cut

Со вакви гејминг препораки целта ни е да ви презентираме наслов кој има огромни потенцијали, но можеби ви се има провлечено под радарот. Играта можеби е излезена пред десет дена, десет години или некаде помеѓу тоа, но е игра која, сметаме, го заслужува вашето внимание. Првата од таквите е…

This War of Mine: Final Cut

This War of Mine е survival симулација кога ги покажува ужасите на војната во најчиста можна форма. Обработувајќи проблематични и длабоко-проблематични прашања за преживување за време на војна, This War of Mine: Final Cut конструира вознемирувачки мозаик за целосен колапс на човештвото и моралните вредности.

Наместо како елитен војник со арсенал од способности, вие управувате со група цивили кои од петни жили се трудат да спојат крај со крај и да преживеат во опколен град. Храна и лекови се луксуз до кој се доаѓа само доколку се ризикува сопствениот живот. Токму поради тоа, денот го резервирате за проширување и одржување на вашето скривалиште, односно за создавање корисна опрема, тргување и грижење за групата.

Во моментот кога сонцето ќе зајде, а на снајперите ќе им се ограничи видното поле, ќе можете внимателно да го напуштите скривалиштето и да пробате да ги најдете работите кои ви се потребни за да доживеете уште едно изгрејсонце. Во овој дел од играта ве чека серија од нови предизвици каде е потребно да се прикрадувате и да размислувате како пристапувате кон разрешување на секоја препрека.

Брутално, страшно и неверојатно тажно искуство кое длабоко резонира со гејмерот. This War of Mine никако не е игра за почувствителните гејмери, особено оние гејмери кои константно треба да донесуваат одлуки и да живеат со последиците од нив.

Велат дека во време на војна нема добри или злобни одлуки; единствено нешто што има е желба за преживување. Кои линии сте спремни вие да преминете? Како надградена верзија со бројни експанзии, This War of Mine: Final Cut ќе го одговори ова и многу други прашања.

Доколку основната игра не ве емоционално скрши, тогаш четирите дополнителни додатоци сигурно нема да потфрлат. This War of Mine: Stories e трогателна приказна низ три епизоди, а веднаш по нив, го имате на располагање The Little Ones додатокот кој прави целосен осврт на дечиња кои се оставени сами на себе да се справуваат со сурови концепти и длабоки психолошки растројства.

Кога ќе го земете целото комплетно издание со графички и механички надградена игра и четири последователни додатоци, тогаш This War of Mine е долго и тешко наративно патување кое ќе предизвика многу чувства во вас. Но, слично како на ситуации кога знаете дека нешто лошо се случува, а не можете да го погледнете на страна, така е и со остварувањето на 11 bit studios.

Полските девелопери се имаат заземено да раскажат реалистична приказна од која ќе бидете хипнотизирани, емоционално врзани и нема да имате избор да не сакате да ја впиете, од почеток до крај. Еднаш штом крајот ќе стапи на сила, настаните долго остануваат со вас.

Се чини дека ние не сме единствените што мислат така. На Steam, играта има 94% рецензии, а на metacritic, случајно или не, критичарите имаат дадено заедничка оценка од 83 поени, додека корисниците пак од 8.3 – поклопување со бројки кое ретко се случува и сведочи за универзално мислење кое го делат и двата круга на играчи.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: 11 bit studios
  • Издава: 11 bit studios
  • Жанр: Симулација/ прежувување
  • Платформа: Android, PlayStation 5, Xbox Series X and Series S, Microsoft Windows, Linux, Mac

Оценка

  • Вкупна оценка: 9
  • Приказна: 10
  • Гејмплеј: 8
  • Графика: 9
  • Звук и музика: 9

Кое е вашето мислење? Ја имате проверено This War of Mine, дали е ова игра за вас или вие би предложиле некоја друга игра?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments