Nuclear Blaze e игра од креаторот на Dead Cells

Доколку сакате ретро инспирирани, Roguelite инди игри кои црпат огромна инспирација од Metroidvaniа и Dark Souls игрите, тогаш шансите се дека и тоа како имате слушнато за Dead Cells. Во 2018 година, оваа игра беше инстантен хит и до ден-денес ужива 96% позитивни рецензии на Steam. Од истиот девелопер произлегува нова игра која оди во целосно различен правец и би можела да ги изненади сите оние што очекуваа нешто слично на Dead Cells. Тоа никако не ја прави Nuclear Blaze лоша игра, само значително поразлична од она што би можеле да помислите.

Nuclear Blaze е sidescrolling „акциона“ игра каде играте како пожарникар кој треба да изгасне бројни пожари кои се имаат појавено во мистериозен воен комплекс. Она што почнува како стандардна процедура на гаснење пожари бргу преминува во вознемирувачка приказна која станува збунувачка и непредвидлива со секој направен чекор.

Во Deepnight Games студиото има само еден вработен – Себастиен Бенард

Играта почнува релативно лесно; така што нуди мали области во кои треба да ги изгаснете сите пожари и, доколку сте расположени за мало истражување, да пробате да ги спасите мачките кои имаат залутано. Покрај гаснење пожари, напредувањето низ нивоата се сведува на употреба на скали, користење картички за отклучување врати, одвртување вентили за активација на прскалки или пак борење со џиновски огнени оси. Токму така – оси! Ако можете да спасувате еден куп мачки низ нивоата, можете и да се борите со џиновски оси :D

Огнот е непредвидлив и може одново да се разгори под вашите нозе

Под разбирливо, пожарите ги гасите со вода а, од некоја необјаснива причина, извори на вода има насекаде и, барем на почетокот, има повеќе од она што ви е потребно за да ги изгасне сите пожари. Како напредувате низ играта, така се повеќе и повеќе се стегнува желбата за расфрлање со водата и се охрабрува поекономична употреба. Низ играта, меѓутоа, можете да отклучувате неколку надградби, а една од нив е и да ви се зголеми капацитетот на вашите резерви за вода.

Најголемата радоста на девелоперот е тоа што Nuclear Blaze навистина му се допаднала на неговото дете

Nuclear Blaze звучи и изгледа апсолутно феноменално. Движењето на вашиот лик е флуидно, а анимациите на водата и пожарите се направени маестрално и ги заслужуваат сите можни пофалби. По одредено дружење со играта, дојдовме до заклучок дека Nuclear Blaze го има „погодено“ графичкиот стил, особено музичката подлога која агресивно ја разгорува вашата желба да напредувате понатаму. Како целосен пакет и со избраната тематика, Nuclear Blaze понуди пријатно искуство со уникатни и ретко-видени гејмплеј механики. Сево ова го прави чедото на Deepnight Games исклучително предизвикувачка игра која ќе биде ценета од гејмерите кои бараат малку поразлично искуство.

Како штотуку излезена игра на Steam, Nuclear Blaze има 94% позитивни рецензии
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk