Спонзориран текст

Google во Македонија! Светската компанија за мобилни игри CrazyLabs ги пречека експертите од Google!

Спонзорирано од CrazyLabs

во ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

CrazyLabs, дел од Embracer Group, е светска компанија за Hyper Casual и Casual мобилни игри, позади која стојат успешните и препознатливите Miraculous Ladybug, Super Stylist, Phone Case DIYAcrylic Nails, I Can Paint, Tie Dye, ASMR SlicingSoap Cutting. Со над 5 милијарди симнувања на игрите кои излегуваат од нивната „лабораторија” како и повеќе од 250 милиони активни корисници месечно, CrazyLabs стабилно стои на врвот од топ 5те најдобри компании за мобилни игри во светски рамки.

Основана во Израел пред повеќе од 10 години, денес CrazyLabs брои канцеларии во Израел, Кина, Индија, Германија, Украина, како и канцеларија во Македонија, која е и воедно најголемата и најбројната од сите во светот, со повеќе од 120 вработени.

Портфолиото на CrazyLabs на светско ниво брои експерти од гејминг индустријата кои зад себе имаат децениско искуство, а за сите дипломирани студенти, програмери, ентузијасти за видео игри, како и сите оние кои сакаат активно да се вклучат во hyper-casual и casual светот на мобилните игри, CrazyLabs имаат отворено предизвикувачки позиции.

Имено, CrazyLabs како водечки hyper-casual и casual развивач и издавач, веќе 5 години има успешна соработка со светски познатата компанија „Google“. За предностите кои ги нуди „Google“, тимот на User Acquisition CrazyLabs имаше чест минатата недела да биде домаќин на експертите од оваа светска мрежа, кои ги посетија канцелариите во Македонија, лоцирани во Мерцедес премиум центар. На овие средби се презентираа benchmarks на индустријата, стратегиите за оптимизирање на кампањите, како и за предностите кои ги нуди „Google“ сѐ со цел да се направи чекор напред, кон уште поуспешна идна соработка меѓу двете компании.

 Она што е значајно да се спомене е настанот што тимот на CrazyLabs го подготвува. Станува збор за најголемиот „Crazy Summer Festival“ кој ќе се одржи во сабота, 2ри јули (Save the date). Овој долгоочекуван настан за сите љубители на мобилните игри, ќе се одржи во Градски Парк кај „Школка“, а за забавниот дел ќе се погрижат Тамара, Лоба и Тони Зен.

Аплицирајте и станете потенцијален член на оваа светска компанија!

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на CrazyLabs. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk