0 коментари 2 мин. читање 10 јуни, 2014

Наградуваната македонска компанија iVote ги автоматизираше изборите во Косово

Demokra, платформата за менаџирање на изборните процеси на македонската компанија iVote успешно ја одигра својата улога во автоматизирање на косовските парламентарни избори, одржани на 8-ми јуни. Софтверот обработи резултати од 2.374 гласачки места, и ги претстави на транспарентен начин на веб сајтот на Централната изборна комисија и преку мобилни апликации за Android и iOS. Demokra се состои од модули за целосно управување со сите изборни процеси почнувајќи од средување на избирачки списоци, па се до обработка и презентација на финалните резултати и распределба на мандати.

Решението за автоматизација на избори на iVote беше прогласено како еден од 25-те победници на European Venture Contest 2013, на кој македонската компанија учествуваше како победник на регионалниот Balkan Venture Forum во Тирана. Компанијата, коja испорачува софтверско решение на Државната изборна комисија на Македонија уште од почетокот на оформурање на изборното тело, веќе има неколку соработки со изборни комисии на Косово, Босна и Херцеговина, Еквадор, а од неодамна е најмена да ги автоматизира и идните парламентарни избори во Албанија закажани за 2015-та година.

„Нашиот софтвер се користи за менаџирање на сите процеси од моментот кога ќе се распишат избори, па се’ до моментот кога ќе се прогласат победниците и се дадат сертификатите. Ова е специфична област која бара секогаш да бидете иновативни – иновативни од аспект на софтверот, но иновативни и од аспект на сигурноста бидејќи знаете дека ваков тип на системи не смеат да бидат компромитирани“, изјави Љупчо Антовски, професор на ФИНКИ и ко-основач на iVote во неодамнешно интервју за Fakulteti.mk.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top