Google потроши 500 милиони долари во кеш да ја купи Skybox Imaging, компанија која обезбедува сателитски фотографии со висока резолуција. Целта на Google е да ги интегрира овие квалитетни фотографии во Google Map за да ги усоврши мапите со точни и актуелни фотографии.
„Сателитите на Skybox постојано ќе ги ажурираат Google Maps со актуелни и точни фотографии. На подолг рок се надеваме дека тимот на Skybox и нивната технологија ќе може да помогне за подобар Интернет простап и помош при елементарни непогоди – области за кој Google има долготраен интерес“
Skybox Imaging постои пет години, а веќе се креатори на најмалите сателити со висока резолуција кои собираат прекрасни и корисни слики и 90-секундни видеа секојдневно. Примената на технологија која ја разви Skybox Imaging е од: надгледување на насади, надгледување на складишта за нафта, надгледување на инфраструктура за нафта и гас, но и надгледување во случај на непогоди и природни катастрофи.
„Skybox и Google делат повеќе од поштански број. Веруваме дека информациите (особено точни геопросторни информации) треба да бидат достапни и корисни. За да го направиме ова ние сме подготвени да ги решаваме проблемите – без разлика дали станува збор за автономни возила или креирање на сателити од почеток“, вели компанијата на својот блог.







