Над 500 милиони корисници се логираат на Facebook преку мобилен (инфографик)

Мобилната верзија на Facebook ја посетуваат околу 543 милиони корисници, или 57 отсто од вкупниот број на корисници на друштвената мрежа мрежа, ни открива инфографикот на SocialBackers на кој се прикажани сите земји според нивната активност на Facebook. Дали ќе погoдите која држава најмногу го посетува мобилниот Facebook?

Најголем број од новите мобилни корисници доаѓаат од iPad. Скоро 45 отсто од корисниците го посетуваат Facebook преку iOS апликацијата која сега е значително подобра и побрза од својот претходник. Сепак ова е еден од оние примери каде процентите не се најдобар показател, затоа 22,5 милиони нови Android корисници го става овој оперативен систем на прво место пред iPhone со речиси 16 милиони. Забележително е и дека Windows Phone е на последното место со 450.000 нови корисници, иако бројот на нови корисници на оваа платформа е 28,5 проценти со што е на второ место веднаш за iPad. Но, оваа платформа на Microsoft e нова и, земајќи го во обзир влијанието на Microsoft и Nokia, може да се очекува да се пробие на пазарот, а со тоа да порасне и посетата на мобилниот Facebook преку WP уреди.

По континенти сè уште на прво место е Северна Америка со 161,7 милиони корисници, пред Азија со 134,2 милиони и Европа со 120,7 милиони. Дали поради недостиг на инфраструктура или евтина цена на мобилниот интернет, на прво место по застапеност на Facebook преку мобилни уреди се Свазиленд и Нигерија со 92,5 и 87,9 проценти. Од државите кои немаат вакви проблеми најдобро котираат Нова Гвинеја, Јужна Африка и Јапонија со 85,3, 84,5 и 80,7 проценти застапеност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk