Staybl е прелистувач замислен да помогне на луѓе заболени од Паркинсовата болест

Во светот има над 7 милиони заболени од Паркинсовата болест. Како еден од најчестите симптоми е неконтролирано тресење на рацете, што знае значително да го отежне прелистувачкото искуство при користење направа како таблет.

Staybl е бесплатна апликација за iPadOS и е замислена да им помогне на таквите лица полесно да посетуваат и читаат веб страни. Staybl инстантно детектира кога некоја направа ќе поче да се тресе и започнува серија од таканаречени виртуелни контра движења во реално време за да го стабилизира екранот. Со ваквото нешто, сите корисници кои имаат проблеми со некотролирано тресење имаат попријатно искуство при визуелно впивање на содржините од веб страните.

Паралелно со ова, прелистувачот се одликува со големи копчиња, како и лесно видливи и пристапни омилени страни, но и опција за едноставно зумирање, по потреба. На располагање е и приказ во бои во висок контраст, детална историја на посетени страни, како и алатка за лесно прилагодување на изгледот според индивидуалната прогресија на болеста на корисникот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk