Синхронизирајте ги сите ваши мејлови со Outlook.com

во Веб, Совети, Статии

Иако многу долго време не сум корисник на некој од продуктите на Microsoft, морам да признаам дека навистина добро го имаат склопено новиот. веб базиран Outlook.com. Но, за тоа во некоја наредна прилика, бидејќи ова е текст за сосема друга намена да објасни како да ги синхронизирате мејловите. Сигурно сите имате по повеќе мејлови, што за работа, што за друштвени мрежи, па мејл од факултет и сигурно помалку ви е и мачно да ги проверувате сите еден по еден нели? Решението се имејл клиенти, како Outlook за Windows, Mozilla Thunderbird и сега Оutlook.com, кој има опција за испраќање и примање на мејлови од други сметки директно преку еден веб базиран мејл клиент. Пример, мејловите испратени до некој ваш Х мејл на gmail.com, да биде препратен и до вашиот мејл на outlook.com.

За да го овозможите тоа, потребно е откако ќе се логирате на вашиот outlook.com профил, од менито кое се крие под иконката лево од вашето име, да изберете „More mail settings“ и да отидете во „Sending/receiving email from other accounts“ (второ по ред).

Следниот чекор е под „You can receive mail from these accounts“ да изберете „Add an email account“. Во следниот прозорец ќе ви се отвори форма за пополнување на вашата друга мејл адреса и лозинка, и изберете „Advanced Options“ така што ќе можете да го додадете POP3 серверот од вашиот друг мејл провајдер. Постојат два имејл протоколи за пристапување на имејл од други сервери – POP3 кој ги симнува копии од пораки од далечински сервер кај вас, што значи промените на имејл пораките не се случуваат на оригиналнот сервер, и IMAP протокол кој се синхронизира со далечинскиот сервер, не ги симнува пораките на PC и промените на пораките се конечни.

Откако ќе го сторите тоа, одете на Next за да изберете како сакате да ги добивате мејловите. Односно, дали мејловите да бидат сместени во некој нов директориум или да се сместуваат директно во вашиот инбокс на Outlook.com.

Четвртиот чекор е да потврдите дека тоа е вашиот мејл. На мејлот чии пораки сакате да ги пренасочите до Outlook, ќе добиете порака која содржи линк за потврда, и воедно тоа е и последниот чекор. Mожно е Google да ви направи проблем бидејќи ќе претпостави декa Outlook.com сака да ви го украде @gmail профилот, па ќе треба да го убедите Google дека Microsoft е добра компанија.

Така одсега, сите мејлови испратени до [email protected] или [email protected] ќе бидат препратени и до [email protected]

Исто така, од вашиот мејл на Outlook, ќе можете да испраќате и пораки како [email protected] или [email protected] со менување на поставувањата под „You can send mail from these accounts“.

[youtube]XFamMtp6tG8[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Име
Име
9 years ago

Користи некој Outlook денес? xD

@bojanv91
9 years ago
Reply to  Име

Јас :)

@pipelinmkd
9 years ago
Reply to  @bojanv91

Microsoft fanboy, не се важи.

види ги сите огласи на kariera.it.mk