MyPermission ќе ви каже дали треба да им верувате на апликациите што ги користите

MyPermission е стартап стар нешто повеќе од 1 година и е фокусиран кон корисниците на друштвените мрежи и сервиите што овозможуваат пристап од трети апликации. MyPermission е едноставна алатка која не побарува пристап до вашите профили, а проверува кои апликации се имаат поврзано со вашиот профил и кои податоци ги споделувате со нив.

Додека тоа беше првичната улога на оваа апликација, од денес во употреба е пуштен е MyPermission сертификатот на доверба кој е дизајниран да понуди стандардизиран сет на правила за како да се користат личните информации. Оваа програма ќе ги сертифицира апликациите кои ги почитуваат податоците на корисникот, додека тие што автоматски објавуваат одредени статуси/твитови не се добредојдени.

Во моментот на развивачите им се достапни основен (бесплатен) и премиум пакет, и при регистрирањето мора да се согласот со правилата поставени од MyPermission. Апликацијата нема да го следи користењето на податоците, туку самите корисници ќе може да испраќаат оцени.

[youtube]1MZHQdvAjqE[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments