0 коментари 2 мин. читање 5 јуни, 2013

Се плашите дека вашиот Galaxy S4 ќе падне во вода? Samsung го претстави водоотпорниот S4 Active

Samsung претстави нов уред наменет за авантуристите и за луѓето на кои често им се крши телефонот. Се работи за Galaxy S4 Active кој е всушност водоотпорен и појачан S4. Има 5 инчен 1080p екран со 443 пиксели по инч (ppi), 8 мегапиксели камера, работи на 1,9 GHz процесор со четири јадра, 2 GB RAM и 16 GB простор, од кои 11 GB можат да се користат. Има и мicroSD картичка со 64 GB.

Сепак, овој телефон е интересен бидејќи е затворен доволно добро за да ги заштити внатрешните делови еден метар под вода до 30-тина минути. Samsung додаде и Aqua мод на камерата за појасна слика под вода. Има и водоотпорен џек за слушалки за да може да се слуша музика и на дождот, но не и под вода. Дополнително, блицот на камерата е наместен да служи како батерија со притискање на копчињата за звук, во случај да сте навечер во шума или кампинг. Уредот е оценет како IP67 според интернационалниот рејтинг за заштита. Максималната оценка е IP68.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top