Пред скоро една година хрватската компанија Akcija го претстави својот продукт FenixApps кој претставува збирка од неколку апликации наменети за Facebook, а се наменети за организирање и одржување на наградни игри. Една од најпопуларните е токму SocialComments која од денес има и бесплатна мобилна верзија.
Апликацијата SocialComments е наменета за менаџерите на онлајн заедници за кои ова претставува одлично решение за интеракција со корисниците на Facebook, а замислена е на начин на кој корисниците мора да напишат коментар на дадената тема и да ги повикат пријателите да гласаат. Кој корисник ќе добие најмногу гласови, победува на натпреварот.
Денес, SocialComments се користи од повеќе од 1.000 Facebook страници, меѓу кои се и брендовите како Renault, Pepsi, Microsoft и др. Исто така, апликацијата нуди и премиум опции со кои им се овозможува менување на насловната(ковер) слика на натпреварот и добивање на мејловите на сите кои учествувале на натпреварот.
Доколку сакате да погледнете како изгледаат сите апликации на FenixApps, посетете ја нивната Facebook страница и изберете некое демо.








