Може ли модниот свет да се освои од Македонија?

во ИТ.МК, Статии

Првата грешка на Bastet Noir беше што започна да работи со македонските модни дизајнери кои не беа отворени за соработка, со чесни исклучоци, вели основачката Даниела Милошеска на својата презентација на Startup Grind Skopje. Веднаш ја променија стратегијата и „сега, по две години од стартувањето, имаме дизајнери од САД, Шведска, Словенија и наскоро ќе се прошириме со помош на модните блогери. Веќе имаме соработка со блогери од САД и Франција“.

Стартапот продава и испорачува дизајнерски парчиња, креирани од независни дизајнери кои сакаат да стигнат до поголема публика. Основан е од Даниела која има искуство во модата, но и претприемаштвото кое го студираше во Словенија. По кратка работа во дизајнерски куќи и модни магазини, се врати во Македонија да започне свој бизнис. Сепак, Bastet Noir имаше подобар старт од повеќето македонски стартапи. Таа доби мала инвестиција од својот татко, UNDP и дел нејзини пари, кои собрани изнесуваа околу 15.000 евра. Ова сепак е малку за да се освои глобален пазар, но беше доволно за да се започне со маркетинг кампањи и да се промовира брендот. Медиумите не доаѓаа во предвид бидејќи бараат многу пари за реклама, но затоа Bastet Noir има 15-тина профили на друштвени мрежи преку кои ги споделува дизајнерските креации. Kлучот можеби беше да се таргетира вистинската публика, и наместо на Facebook, стартапот ги таргетираше онлајн продавницата Etsy и Pinterest, која е екстремно популарна кај женската публика, како и Instagram.

„На крај на денот, не размислувавме да ги вратиме парите од реклами бидејќи експериментиравме со рекламите. Започнавме со Facebook, што беше лоша идеја, бидејќи нашите корисници се на Instagram. Се рекламиравме на Twitter, кој тогаш не беше отворен за Македонија, но најдовме начин како да одиме преку американска банка. И Twitter се покажа како успешна кампања – потрошивме 200 долари, но заработивме околу 400“.

Еден од поголемите предизвици беше да се договорат со дизајнерите околу цените, бидејќи дизајнерот лесно може да даде попуст и да го прескокне Bastet Noir кој функционира како „middleman”. Но, идејата на стартапот е да биде отскочна даска за дизајнерите и да им гарантира дека ќе продадат нешто. Откако пристигна првата нарачка од Саудиска Арабија, со која имаат куп проблеми околу испораката и наплатата, бидејќи со PayPal не може да се продава од Maкедонија; Bastet Noir започна да забележува добри продажби. Првата година помина во загуба, но веќе од втората година продаваат по неколку парчиња облека месечно, и забележуваат профит.

Но, за Даниела и Bastet Noir заработката не важна во моментот. Важно е да се состави добар тим, моментално од петмина кои помагаат околу стартапот, и да се најдат дизајнери со кои ќе може да се таргетира пазарот во САД. Не сакаат да отворат канцеларии во други земји, бидејќи од Македонија е поевтино да се работи, посебно ако сте стартап. Оурсорсингот и соработката со независни дизајнери сепак се покажува како успешна формула.

„Моментално се бориме за секоја продажба. И тоа е добро бидејќи учиме многу. Ги учиме сите тие начини како да продадеме, како да дојдеме до повеќе соработници, иако тоа не е доволно ако сакате да направите вистинска компанија“, вели Даниела. „Отварање на модерна канцеларија не е најважно, имиџот не е најважен, важно е да се направи продажба без врска каде се наоѓате, од дома или од канцеларија, важно е да се шири стартапот и да се направи профит“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk