Лажни вести за експлозија на фабрики за хемикалии и природен гас во Колумбија, епидемија на ебола во Атланта, убиство на афроамериканка од полицијата се дело на Internet Research Agency, вели New York Times. Теориите дека властите користат трол фарми за пропаганда ги потврди Људмила Савчук, или руска верзија на Едвард Сноуден. Тој открива дека постои таканаречена Internet Research Agency, која е всушност трол фарма под заштита на руските власти.
Целта на оваа група е управување, промена и насока на јавното мислење во Русија, но според последната вест, агенцијата била користена и за ширење на паника и лажни вести во САД. Пример е лажната вест дека имало експлозија на хемиската фарика во Колумбија не е безопасна вест. Станува збор за координирана кампања во која се вклучени дузина профили кои објавуваа стотици твитови секој час, таргетирајќи специфични корисници за да привлечат што е можно поголемо внимание. Троловите фабрикуваа скриншотови од CNN, креираат копии на вебстрани на телевизии и весници, па дури и страна на Wikipedia.
Internet Research Agency е лоцирана во Санкт Петербург, а според дел од руските медиуми во неа се вработени околу 400 луѓе кои работат по 12 часа дневно, со месечен буџет од околу 20 милиони рубљи или 400.000 долари. Вработените во агенцијата се поделени во сектори, а секој од нив е задолжен за одредена друштвена мрежа: VKontakte, Facebook, Twitter, Instagram, но и за коментари во „најтиражните“ онлајн весници.
„Прва работа по пристигањето на работното место беше прикривање на IP-адресата, овие адреси може да се искористат за откривање на идентитот. Потоа добивавме листа на теми кои треба да ги промовираме во текот на денот. Украина постојан беше главна тема поради граѓанската војна таму“, вели Људмила Савчук, поранешен вработен во агенцијата.
Дел од вработените имаат повеќе од еден профил, елитните оддели имаат задачи да креираат специфични карактери кои ќе им се допаднат на читателите и ќе бидат различни од останатите. Еден од карактерите на г-ѓа Савчук е јасновидката Кандора која предвидува пораз на Обама и Петро Порошенко и голема победа за Владимир Путин. Вработените од агенцијата биле од сите слоеви на руското општество, иако најчесто станува збор за млади луѓе од околу 20 години. Сите вработени имаат договор за тајност, а нивните плати се прилично високи околу 800 долари, колку што изнесува и платата на универзитетските професори во Русија.
„Беа глупави. Забележувате луѓе со тетоважа, изгледаа кул како да се од Њујорк, со модерна облека, тетоважи како де се од Вилјамсбург. Но тие се глупави“, вели Марат Буркард кој беше вработен во одделот за форуми и тој мораше да објавува по 135 постови секој ден.
Но, се чини дека Internet Research Agency не е единствената трол фарма во Русија. Платон Маматов тврди дека тој бил дел од приватна трол фарма кој а била контрактор на Кремљ, а тврди и дека има стотици проекти како неговиот низ цела Русија.
Поврзаноста на Internet Research Agency со објавите за лажни вести на социјалните мрежи во САД, ја потврдија и хактивистите Anonymous International (нема поврзаност со оригиналната група Anonymous) кој минатата година објавија имејл комуникации кои се украдени од агенцијата.
Појавата на трол фармите се поврзува со големите анти-Путин протести кои се одржаа во Русија пред неколку години. Интересно токму од овој момент започнуваат и првите активности на Internet Research Agency, иако дел од помалите контрактори тврдат дека се присутни неколку години пред овој настан, пишува New York Times.