2 коментари 1 мин. читање

МОСТ ги мотивира младите гласачи со видео кампања „Кликни и провери се“

Знаеш ли за кого ќе гласаш и знаеш ли каде треба да гласаш? Во март ќе има локални избори кои се клучот за демократското општество. Но за да бидат успешни треба секој да го даде својот глас, посебно младите гласачи кои, како што вели Граѓанската асоцијација МОСТ, не се заинтересирана за демократските процеси.

Младите гласачи често не се запознаени за изборите, ниту пак за кој каква политичка програма нуди, ниту пак каде да се гласа. МОСТ уште од 2004-та година стартуваше кампањи „Активни за демократија“ за да ги мотивира младите да гласаат, но пред се да им ја подигне свеста и да ги едуцира за општествената одговорност.

Како продолжување на тој проект, организацијата стартува онлајн видео кампања „Кликни и провери се“, веќе прегледана над 3.000 пати за три дена, со која ги мотивира младите да се проверат на избирачкиот список за локалните избори 2013 година, но и да помогнат и да го споделат видеото со што е можно повеќе врсници за да ја разбудат свеста. Погледнете, проверете и споделете.

[youtube]ykz7M4O_Pyo[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top