Видео игрите не поттикнуваат насилство, вели директорот на EA Games

во Свет

Видео игрите не поттикнуваат насилство, изјави Џон Ричитело, извршниот директор на EA Games во видео разговор со банкарски аналитичари. Разговорот беше за прогноза на приходите на EA, но едно од прашањата беше и како ќе со одрази се почестото насилство и вооружени напади.

“Многу пари се дадени за истражувања направени во полето на забавата кои ги бараат врските помеѓу забавната содржина и вистински насилство, досега не се пронајдени никакви.”, ги пренесува BBC изјавите на г. Ричитело.

Не е тајна дека видео игрите се омилениот виновник секоj пат кога ќе се случи немил настан, но овој пат по нападите во училиштето во Конeктикат и киното во Колорадо, дискусија е пренесена во политичка дебата. Едни од најголемите заговорници на вината на видео игрите всушност се и самите виновни за нападите. Американската NRA (Националната асоцијација за оружје) тврди дека креаторите на видео игри ги охрабруваат луѓето на насилство против „своите луѓе“.

Иако нема истражување кое ги поврзува видео игрите со вооруженото насилство се почести се статиите во кои нивните подржувачите го посочуваат прекумерното насилство како можен проблем.

„Имаме премногу задоволство во виртуелното насилство, се радуваме кога крвта се разлева по нашиот монитор, дали тоа предизвикува насилство? Најверојано не, немам причина да верувам дека е така. Сепак ова му дава постојано и активно присуство на насилството во нашите животи. Би било неодговорно целосно да го игнорираме ова.“, пишува Rock Paper Shotgun.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk