3 коментари 2 мин. читање

Ким Дотком нуди 10.000 евра за пробивање на Mega

Ким Дотком денес на својот Twitter профил објави дека човекот што ќе ја пробие безбедносната заштита на неговото ново веб складиште Mega ќе добие награда од 10.000 евра во готово. Со ова Kим Дотком сакам да им покаже на критичарите на овој сервис, како и на самите корисници, дека сите податоци кои се во облакот се безбедни и корисниците нема од што да стравуваат. Ова не е ништо ново во ИТ сферата. Веќе долго време ова е пракса кај големите гиганти Microsoft, Google, Facebook и многу други.

Разликата со другите е што Mega е наследник на контроверзниот Megaupload кој беше затворен за пиратерија. Дотком има ангажирано околу 20 адвокати кои се во процес на легализирање на целиот сервис, со оглед на тоа дека корисниците имаат бесплатни 50 GB простор и може да хостираат задоволителен број на филмови, игри или било каква друга нелегална содржина.

Во моментот Mega го блокира индексирањето од трети страни, со тоа што се избегнува индексирање на јавно достапните податоци хостирани на тој сервис. Еден обид за пребарувач беше Mega-Search.me, но додека не се среди целата правна процедура, Ким Дотком ги избегнува сервисите кои може многу да му наштетат.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top