Мобилните апликации прават повеќе пари од Холивуд, вели нова анализа

во Мобилни

Мобилните апликации се подобар бизнис од снимањето филмови, вели анализата на Хорас Дедиу oд Asymco, којa прави споредба на двете индустрии.

Apple на развивачите на апликации во 2014 година им исплатил над 10 милијарди долари, бројка која ја надминува заработката на кино благајните на филмовите од Холувуд. Доколку на оваа бројка се додадат парите од Android апликациите и мобилните реклами, заработката од апликации ќе биде значително поголема. Г. Дедиу не се сомнева дека ќе ја надмине и вкупната заработка на филмовите. Дополнително апликациите не само што повеќе заработуваат, туки нивниот раст е значително побрз, а трендот на раст нема да застане наскоро.

Сепак, се чини дека апликациите овозможуваат нешто уште поважно, односно креирање на екосистем кој навистина ќе им помогне на луѓето. Филмовите се само за забава, додека апликациите стануваат се поважни во секојдневната продуктивност, одржување на здравјето и комуникацијата.

Корисниците можат едноставно и брзо да стигнат до податоци или да проверат најразлични содржини. На пример на сите во Скопје им е познато дека квалитетот на воздухот е ужасен, но сега благодарение на апликацијата Мој Воздух можете да проверите дали излегувањето надвор е опасно за вашето здравје. Корисни апликации има куп, а на корисниците е оставено да ги пронајдат тие кои им се потребни и им овозможуваат поедноставно справување со секојдневните проблеми.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
jonce
jonce
11 years ago

Па каков податок од непроценлива вредност,баби и жаби статија