86 коментари 4 мин. читање 17 ноември, 2021

10 топ филмови на Netflix

Нема никакво сомневање во огромната моќ на Netflix. Оваа платформа за гледање филмови овозможува квалитетни и флексибилни можности за стриминг на бројни видео содржини, независно дали сте по квалитетен филм, или телевизиски серии. Единствен проблем, а ова е исклучително субјективно мислење, е цената која, за наши стандарди, знае да биде висока, особено доколку сакате да искористите некој од повисоките платежни столбови за стриминг во повисок квалитет. Токму поради тоа, честа е праксата на делење на претплатата, односно еден акаунт со повеќе лица или пак закупување на услугата со користење на аргентинско, турско или слично VPN присуство бидејќи, по некоја логика (најверојатно поголеми и поконкурентни пазари), цените се пониски на тие локации.

Независно од тоа на кој начин доаѓате до вашите Netflix содржини, не се менува фактот дека има исклучително квалитетни филмови и серии, а доколку сакате полесно да дојдете до најдоброто-од-најдоброто, сега имате на располагање официјален веб сајт кој специјализира во прикажување на топ 10 филмови и телевизиски серии. Ваквата статистика се извлекува според бројот на прегледаните часови на видео содржините.

Секој четврток, на Top10.Netflix.com можете да добиете информација за точниот број на изгледани часови за најпопуларните содржини кои се генерирани од претходната недела, односно од понеделник до недела.

Веб сајтот всушност прикажува многу повеќе од една листа. Па така, ќе наидете на листи подредени во четири категории:

  • Филмови (на англиски)
  • Филмови (кои не се на англиски)
  • ТВ серии (на англиски)
  • ТВ серии (кои не се на англиски)

Покрај менувањето на ваквите листи од недела до недела, на располагање имате и листа со најмногу гледани серии и филмови на сите времиња.

Доколку сакате, можете да ги прилагодите листите според одредена земја. Иако, Netflix со задоволство дозволува на македонските граѓани да се претплатат на стриминг услугата, Македонија не можете да ја најдете преку паѓачкото мени. И покрај тоа, листите знаат да бидат различни во зависност од избраната земја, што е одлично доколку барате нешто интересно за гледање.

Алтернатива на Netflix?

Иако Video Prime стриминг услугата на Amazon нема ни приближно доволно содржини како Netflix, сепак е значително поевтина алтернатива која би можела да ве забави на неколку месеци, нудејќи притоа и бројни бенефити за гејмерите преку услугата Twitch Prime. Од друга страна, додека полека се поплочува патот за HBO Max, македонските интернет корисници ја имаат можноста да гледаат филмови, серии и цртани на македонската стриминг-платформа Gley.mk.

А, кои се 10 топ серии и филмови на Netflix?

Враќајќи се на Netflix и на нивниот нов веб сајт, според боговите на статистиката, ова се најгледаните серии и филмови од последната недела.

Најгледани филмови:

Најгледани ТВ серии:

https://www.youtube.com/watch?v=hhZBDO0CKJo

Се согласувате ли со листата? Што гледавте вие неделава? Кажете нѝ во коментарите!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (1)

Loading new replies...

РарБГ користам, баш таа зошто е најефтина.

Навлечен сум на Blacklist моментално.

EDIT: Ако бев конфузен, Stremio

одговори 9 лајкови

Amazon prime video користам во моментов со комбинација на ВПН. Ја користам бидејќи е најефтина, 8 Турски лири е месечната претплата, за споредба најефтината Нетфликс претплата е 28 лири.

одговори 1 реакција

На која серија сте навлечени

породично благо

одговори 1 реакција

Ниту една платформа.
Моментално гледам Наркос Мексико 3 и ќе ја почнам Јужни ветар.
Претходно одгледани: Hit & Run, Okkupert s3, Tehran, Caliphate, Jedini Izlaz, Fauda s3, Drzavni sluzbenik s2, Tom Clancy's Jack Ryan, Klan, Tajkun, Besa, Ubice mog oca s4 и купишта други, филмови ретко.

одговори 3 лајкови

Не користам ниедна видео стриминг платформа, а моментално сум навлечен на Killing Eve.

одговори Лајк

Netflix и HBO GO. Нетфликс затоа што има голем избор, а HBO Go ми е дел од пакетот од Телеком. Моментално гледам Narcos: Mexico трета сезона. За нијанса послаба од втората ама сепак е добра. :)

одговори 1 реакција

Нетфликс, Амазон, HBO Max и HBO Go + торенти.

Навлекување на една серија е за [цензурирано од администрација] :D Бинџ глеање до сабајле цела сезона.

одговори 1 реакција

FlixTor за стриминг, а за 4K HDR односно кога сакам квалитет RARBG.

Серија само што видов една тазе излезена анимирана Blade Runner: Black Lotus, па еве сега ќе ја почнам. Инаку се чека втора сезона Witcher, потоа Boba Fett, Stranger Things и Lost in Space од позначајните.

одговори Лајк

Netflix, HBO Go и YouTube Premium.

Амазон користев, тапа жива во МК.

одговори Лајк

Која видео стриминг платформа (Netflix, HBO, Amazon Prime Video и други...) користите и зошто баш таа?
Потпрашање: На која серија сте навлечени во моментот?

А ти стварно си бот или некој се преправа?

Ај кажи БаНАна.

одговори 1 реакција

А ти стварно си бот или некој се преправа?

Ај кажи БаНАна.

Ботов боље од модераторите, јас одамна зборам ова е работа на модератори ама кој ме слуша...

одговори 1 реакција

Netflix- заради шо имаше интересни работи, мада одамна ништо немам гледано заради немање на време.
HBO Go- заради шо имам личности шо не зна англиски околу мене па мора превод, али сепак има добри филмови не е лош.

одговори Лајк

Добивај известувања
Извести ме за
guest
86 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
gamer-eddie
gamer-eddie
4 years ago

чекајте малце , зошто да плаќам за нешто ако можам да го имам за “без” пари

Last edited 4 years ago by gamer-eddie
Мени
Заедница
Изглед
To top