0 коментари 1 мин. читање 26 јануари, 2015

Белград нарача електрични автобуси; постарите ќе добијат бесплатен интернет

Жителите на главниот град на Србија наскоро за ќе можат да се возат со електрични автобуси. Нeколкуте електрични автобуси ќе бидат набавени како дел од замената на возниот парк на Белградскиот јавен превоз, односно обнова на педесетина автобуси, јави 24sata. Ова ќе придонесе кон „поголема удобност за патниците и ја намалуваат емисијата на штетни гасови од автобусите, односно не ја загадуваат животната средина“, вели Синиша Мали, градоначалник на Белград.

Вкупно се предвидуваат нови 350 автобуси и тролејбуси, а до крајот на 2015 година на сите кои се транспортираат со автобус ќе им биде достапен и бесплатен интернет, благодарение на договорот кој е постигнат со Телеком Србија. Ваков проект имаше и во Скопје кога властите најавија соработка со Sun Wireless.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top