Мобилната апликација Pulsе додаде и видео канали

Популарната апликација за читање вести Pulse сега на текстовите и слики од бројните медиуми додаде и видео канали од околу 30 партнери.

Pulse е мобилен агрегатор на вести достапен за Android, iOS и Windows Phone. Апликацијата е една од подобрите на мобилниот пазар, и е доболно добра да му конкурира на Flipboard, иако лично повеќе би го одбрал вториот за iOS, но тука веќе се работи за вкус. Покрај зададените извори кои воглавно се популарни американски и светски медиуми и блогови, нуди и опција да си додадете други RSS канали од омилени сајтови. Наместо само текст како што може да се види во RSS читачите, апликацијата генерира приказни, симулирајќи го искуството како да читате весник.

Видеата кои се га се достапни на Pulse главно доаѓаат од YouTube, но благодарение на API-то некои се од каналите на партнерите како National Geographic, College Humor, ESPN, Fox Sport, The White House итн.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments