Newsly ги чита сите вести и текстови од веб страните за вас

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Сите ние имаме одредени интереси и сакаме да дознаваме што е повеќе за нив, дали во форма на вести или авторски текстови. Но, повеќето од нас го немаат времето да седнат и да ги читаат содржините и сакаат да впиваат информации во аудио форма, додека извршуваат најразлични други обврски. Мултитаскингот е феноменална работа, токму поради тоа подкастите и понатаму продолжуваат да се исклучително популарни. Но, што е со вестите кои секојдневно се објавуваат? Што доколку сакате и нив да ги слушате, наместо да ги читате?

Newsly: Instant Audible News е апликација која ви дозволува да следите најразлични теми за кои сте заинтересирани и постојано да добивате текстови поврзани со нив. Овие текстови ви се читаат од глас кој звучи релативно ок, особено кога се работи за впивање пократки содржини од вести, независно дали се работи за политика, технологија, наука, климатски промени или нешто целосно друго.

Паралелно со ова, Newsly се одликува со богата колекција од подкасти кои инстантно можете да започнете да ги слушате или преземате. За пофалба е можноста за создавање ваши лични прејлисти кои ги уредувате според вашите интереси. На овој начин, се погрижувате дека ќе биде читано она што навистина сакате да го чуете, без непотребни паузи измеѓу. Брзината на гласот кој ги чита вестите може да се менува, лесно можете да смените од режим на слушање на режим на читање. Без проблем можете да го преземете аудио преточениот текст или текстови и да ги слушате и кога немате интернет.

Од неодамна, Newsly ве известува и за тоа какво е или какво ќе биде времето додека ги слушате вестите за вашите омилени теми.

Преверете ја Newsly за iOS или Android!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk