0 коментари 1 мин. читање 19 јуни, 2012

И Google ќе престави таблет компјутер на I/O?

За десетина дена, на 27 јуни, стартува I/О конференцијата на Google на која според очекувањата ќе видиме Nexus таблет компјутер. Како и со Nexus паметните телефони, Google, незадоволен од продажбата и квалитетот на Android таблет компјутерите, ќе ги преземе работите во свои раце и ќе претстави свој таблет компјутер кој ќе биде доволно добар да му конкурира на Apple iPad, но и да се трка со новиот Surface на Microsoft.

Според Digitimes, 7 инчниот Nexus таблет компјутер ќе биде ефтин уред, околу 200 долари и поради тоа ќе има само поддршка за Wi-Fi и ќе нема камера на задната страна, но ќе има предна камера за видео конференции. Според претходните извештаи, Nexus таблет компјутерот ќе работи на Android 4.0 Ice Cream Sandwich.

Овој таблет компјутер на Google е изработен во соработка со Asus кој исто така најави ефтин уред со цена под 200 долари.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top