Mинистерството за надворешни работи претстави апликација „Асистент за патување“ за Android паметните телфони. Апликацијата e едноставна. Има опција за најновите вести, има опција за добивање информации за која земја ви треба виза заедно со дополнителни корисни линкови, и има мапа на која се прикажани локациите на сите амбасади на Македонија ширум светот.
Апликацијата не е достапна во Google Play продавницата, туку се симнува од сајтот на Министерството.

Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.