Сакате да останете анонимни? Eве кратко упатството за поставување на Tor

Колку ви е важна приватноста на интернет? Сигурно знаете дека секој од стотиците веб сајтови што ги посетувате секој ден ја гледаат вашата IP адреса, ги следат вашите веб колачиња и дури знаат кој прелистувач користите. За повеќето корисници тоа не е нешто за кое би биле параноични, но како што се развива технологијата за следење, така приватноста и анонимноста стануваат се позначајни. Една од најпопуларните алатки за зачувување на приватност на интернет е Tor мрежата чија цел е да ни обезбеди анонимност додека сурфаме на интернет. Tor работи на тој начин што го насочува интернет сообраќајот преку мрежата од опслужувачи со цел да ја сокрие локацијата и да оневозможи анализа на корисникот.

Мрежата на опсложувачи е составена од доброволци и секогаш кога ќе сакате да се поврзeте до некоја локација, вашиот интернет сообраќај се рутира преку таа мрежа, пред вие да стигнете до последната дестинација. Со тоа, интернет провајдерите и останатите лица што ја следат вашата конекција, се спречени да добијат информации за кој сајт сте го посетиле. Дополнително, тој што следи ќе ја види IP адресата на последниот јазол од анонимизираната мрежа, а не физичката локација и корисничката IP адреса.

Како препорака од самите развивачи е да се користи Tor Browser Bundle што претставува модифицирана верзија на Firefox која е поставена за барањата на Tor. Но, исто така, Tor можете да го користите и со останатите прелистувачи, но најбезбеден е тој со TBB, бидејќи кога користите Firefox или Chrome со екстензија за Tor, големи се шансите да имате овозможено Flash и други додатоци преку кои може да се открие вашата IP адреса.

Откако ќе го преземете Tor Browser Bundle прелистувачот, само распакувајте ја архивата и можете да го стартувате прелистувачот. Не се потребни никакви дополнителни инсталирања. Oва овозможува Tor прелистувачот да го ставите на вашето USB и да го користите на било кој компјутер.

После стартувањето на Tor ќе биде потребно да почекате некое кратко време за да ја прочита мрежата, што не би требало да трае повеќе од 1 минута. Откако ќе заврши тој процес, прелистувачот ќе се стартува и ќе добиете порака дека Tor е успешно поставен и можете да започнете со користење.

Стандардно, Tor користи предефинирани поставувања за рутирање на вашиот сообраќај, но преку Options -> Advanced -> Networks -> Connection Settings самите ќе можете да додадете сопствено прокси за користење.

Tor препорачува да не преземате документи и да ги отварате со екстерни апликации. Екстерните апликации може да се поврзат на Интернет за преземање на дополнителни ресурси и со тоа да се открие вашата IP адреса. Исто така, не користете информации кои се поврзани лично со вас, како на пример, најавување на Facebook, мејл и слично.

Бидејќи Tor овозможува пристап до таканаречениот Deep Web, можно е да наидете на содржина која не би сакале никогаш да ја видите, вклучувајќи детска порнографија, криминал и продавање на дрога. За жал, анонимноста на интернет иако е добра за секој корисник, за активистите и тие што се обидуваат да избегнат цензура, сепак е корисна и за криминалците. IT.com.mk не е одговорен за вашето искуство со Tor.

[youtube]KgWV7rSCK-s[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
pesovski
pesovski
12 years ago

Крадете статии од How to geek ?

Boris Kuzmanov
12 years ago
Reply to  pesovski

Идејата е од таму, а за да е украдена статијата, слободно можеш да ги споредиш.

xxxx
xxxx
12 years ago

Не ме зезај, за ова падна популарноста на ит.ком.мк глупости објавувате … keep doing that :o

Boris Kuzmanov
12 years ago
Reply to  xxxx

Да пишеме дека Станија си купила нов iPhone?

види ги сите огласи на kariera.it.mk