Windows Phone App Studio ќе ве научи како да креирате WP апликација и без да знаете да кодирате

Windows Phone App Studio е новата веб алатка од Microsoft, која им е на располагање на сите заинтересирани за развој на апликации за Windows Phone. Алатката е центрирана околу шаблони во кој креаторите едноставно со drag and drop можат да уфрлаат текст, содржини или слики во апликацијата. Пакетот овозможува креирање на апликации дури и ако немате познавање од кодирање, тврди Microsoft.

Преку сервисот се регистрира телефон на кој ќе можете да ја испробате тукушто креираната апликација. Иако постои можност за објавување на апликациите вo Windows Store, сепак креаторите ќе треба да платат за регистрација во Dev Center. Заедно со алатката Microsoft ќе овозможи развивачите во живо да разговараат со претставници за поддршка за Windows Phone.

Квалитетот на вака креираните апликации се разбира дека нема да биде ниту на слично ниво со апликации изработени од професионалци. Но, ова и нема да биде цел на алатката, туку таа е наменета да ги заинтересира можните програмери дека Windows Phone е платформа за нив.

[youtube]v1P8Auyy6jw[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Alex
Alex
8 years ago

Нема invitation code.

@Pnctovski
8 years ago
Reply to  Alex

да да, дај пуштете код за покана!

ит кариера

Pece Krstevski

Full Stack Developer

Support & Solutions Center Mk

Database Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Implementation Team Lead

види ги сите огласи на kariera.it.mk