0 коментари 1 мин. читање

#MKStartups и #ИТН го дискутираат извештајот за стартапи на Френк Нојригат

Кратката посета на Македонија на Френк Нојригат, ко-основачот на Startup Weekend, беше навистина продуктивна. По две недели Френк ни остави еден интересен извештај за проблемите, предизвиците и решенијата како да се унапреди македонскиот стартап екосистем. „Македонија е далеку од исполнување на стартап потенцијалот кој го има, но со оглед на проблемите и предизвиците кои стојат на патот, се чини дека нема брзо решение“, вели г. Нојригат.

Токму тој извештај е тема на два македонски подкасти. Првиот подкаст е #MKStartups воден од Петар Ниновски од Brainster, Ева Пиперевска од G6 Solutions и Нина Николиќ од #StartupSelfie како гостин.

Вториот подкаст кој го дискутираше извештајот беше нашиот #ИТН, подкаст за технологија на IT.mk и Радио МОФ, воден од уредникот на IT.mk, Виктор Дано, и маркетинг менаџерката oд Haselt, Викторија Николовска; продуциран од Були од Радио МОФ.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top