Македонија има премалку стартапи, но има потенцијал!

Македонија би требало да има три пати повеќе стартапи, но незаинтересираноста на студентите, одливот на мозоци и големината на пазарот, прават бројот на нови иновативни компании да биде значително помал во однос на државите кои се со слична популација и географски положба, вели извештајот на Френк Нојригат, ко-основач на Startup Weekend и стартап експерт кој помина две недели во Македонија работејќи со стартап зеадницата, во рамки на SECO Entrepreneurship Programme што е имплементирана од Swisscontact.

„Македонија е далеку од исполнување на стартап потенцијалот кој го има, но со оглед на проблемите и предизвиците кои стојат на патот, се чини дека нема брзо решение“, вели г. Нојригат. Предностите на Македонија се однесуваат пред се на локацијата, малата цена за отворање на компании, присуството на квалитетен кадар, и за жал конкурентноста на пазарот на труд. Дополнително големината на државата овозможува брза промена и имплементација на законите.

startupindex

Она што ќе биде најголем предизвик е охрабрување и мотивација за отворање на стартапи. Ова мора да се направи преку едукативни програми и успешни стартапи. Дополнително ќе биде неопходно креирање на фондови со висок ризик и креирање на структури кои ќе бидат поддршка за екосистемот. Дополнителен проблем е што 20 до 25 отсто од студентите не ја гледаат својата иднина во државата и сакаат по завршувањето на студиите да одат да работат во странство.

Едно од можните решенија за Македонија е привлекување на „дигиталните номади“ и меѓународните претприемачи поради ниските трошоци за живот. Дополнително тука може да помогне и македонската дијаспора, која и сега е ангажирана преку Macedonia 2025.

Анализата на г. Нojригат доаѓа со предлог план кој ќе овозможи за релативно кус период 2-3 години бројот на стартапи да се зголеми трипати. Клучно за успехот на планот е привлекувањето на претприемачи од надвор, за ова ќе биде неопходно креирање на програма за е-жителство по примерот на Естонија. Најголем дел од останатите чекори се однесуваат на зголемувањето на свеста на странските пазари за можностите за инвестирање во Македонија, што би овозможило влез на претприемачи, но и доаѓање на експерти од надвор.

Повеќе за искуството на г. Нојригат со македонските стратапи може да прочитате во интервјуто за #StartupSelfie.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Македонија има премалку стартапи, но има потенцијал […]

trackback

[…] за креирање на сопствени стартап компании е дел и од предлог планот на Френк Нојригат кој го анализираше македонскиот стартап ексосистем. […]