МК Транспорт објави Android и веб апликација, сака сите да ги користат за информации околу превозот

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Македонската апликација за јавен превоз MK Transport која започна како Windows Phone апликација, сега може да ја користите и на Android и преку веб. MКТransport.mk ја нуди истата функционалност како и апликациите за телефонот, односно едноставно пронаоѓање на најбрзиот превоз.

Но, иако има свои мобилни апликации, страната ја тестиравме преку сервисот на Google и ги исполнува сите услови за „mobile friendly“ апликација, што значи дека нема потреба да ја инсталирате апликацијата, туку може да го посетите веб сајтот од мобилен. Ок, можеби сервисот има уште багови, пример преку мобилен е потешко да се внесат станиците, бидејќи сервисот пријавува грешка доколку не ги потврдите со autocomplete. Но, тоа што нуди се корисни информации. Сервисот овозможува избор на превозно средство, воз или автобус; почетна и крајна дестинација, по што ги прикажува сите возови или автобуси кои се достапни и цената на билетите. MК transport ги помни последните пребарување, кои остануваат во своевидна листа, а барем за сега единствен недостаток е можноста за купување на билет преку сервисот, иако за тоа ќе биде потребна добра воља и од превозниците.

Бранко Димитријоски, креаторот на МК Транспорт, вели дека сака сервисот да биде „централно место“ за добивање на информации за автобуски и железнички сообраќај и „дека ќе биде корисен за сите граѓани на Македонија со што барем би се приближиле до сервисите што ги нудат европските држави“. Тој објаснува дека идејата зад сервисот доаѓа поради неговите чести патувања кои „се посебна приказна за себе. “Знам низ кои проблеми наидуваме, ме поттикна да го изработам овој сервис, кој се надевам во иднина ќе биде навистина корисен за сите и барем да се доближиме до сервисите што ги нудат европските држави“, вели тој.

Што се однесува до можност за купување на билети преку сајтот, што може да биде корисна опција, Бранко вели дека тоа ќе зависи од соработката со автубоските станици. Знаејќи го ангажманот на македонските превозници, и (не)трудот што го вложуваат за грижа на патниците, ќе констатираме дека тоа нема да се случи во брзо време. Но, Бранко вели дека има планови да го усоврши сервисот кој ќе остане бесплатен, но со можност за реклами и огласи.

„Вложив многу труд, време, знаење во овој проект, кој го гледам како стартап, и првичниот план ми е да ги контактирам автобуските станици и да пробам да оствариме некоја соработка. Во моментов најприоритетно ми е дирекно да ги добивам информациите за возниот ред од превозниците наместо да правам агрегација од повеќе извори и понатамошни обработки“, вели тој.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп

Оглас за вработување на ORACLE DBA

види ги сите огласи на kariera.it.mk