0 коментари 2 мин. читање 12 мај, 2015

Real Madrid и Microsoft ја внесуваат моќта на технологијата во фудбалот

Шпанскиот фудбалски клуб, и воедно најскапиот спортски клуб во светот, Real Madrid започнува соработка со една од најголемите ИТ компании Microsoft. Звучи како „match made in Heaven”, но се работи за партнерство кое може да го следат сите фудбалски клубови. Фудбалскиот клуб и технолошкиот гигант потпишаа четири годишно партнерство кое треба да ги приближи навивачите до клубот и да го промени начинот на кој навивачите се поврзуваат со фудбалери кои ги обожаваат. Според директорот на Real Madrid, Хосе Анхел Санчез, влезот на технологијата во клубот е налик на 1943-та година кога клубот го прошири својот стадиот од 22.500 седишта на 75.000 седишта.

„Суштината на ова партнерство со Microsoft е базирано на пасијата која навивачите ја имаат овој клуб.“, вели г.Санчез, најавувајќи дека на 19 мај ќе се објави апликација која ќе презентира статистика, најдобри моменти од натпреварот и други поврзани содржини. Аполикацијата ќе биде достапна на сите Windows уреди, но и на iOS и Android. Покрај забавата и можноста за поинтерактивно вклучување на навивачите, соработката ќе овозможи и аналитика за клубот, така ќе имаат увид во годините, полот, локацијата, следење на робата на клубот и слично, а податоците од би требало да им овозможат следење на формата на фудбалерите и можност за превенција на повреди кај фудбалерите.

Лани, лутиот градски ривал Atletico Madrid користеше Google Glass за да ги следи и снима натреварите. Таа сезона, случајно или не, Atletico направи изненадување и го освои Шпанското првенство, пред гигантите Real и Barca.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top