Слепа мајка го допре своето неродено бебе со 3Д испринтан ултразвук

0 коментари 1 мин. читање

3Д принтерите се дефинитивно „the next big thing” бидејќи ни нудат физички објекти за кои не знаевме дека постојат. Последната приказна за моќта на оваа технологија е за Татјана Гера која е слепа од својата седумнаесетта година. Благодарение на принтерите таа успеа да го допре ултразвукот на своето бебе. За креирање на моделот е искористен 3Д скенер на ултразвук, по кој е направен 3Д моделот од фотографијата. Спонзор на моделот е Huggies, компанија која произведува пелени и рекламната агенција од Венецуела, Mood.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед