Мит е дека Facebook не може да прави пари од мобилната платформа, вели Закерберг

Само едно нешто е сигурно кај Facebook, а тоа е дека бројот на корисници постојано расне, сега надмина и една милијарда. И иако во исто време гејмингот опаѓа, финансиите едвај ги надминуваат очекувањата, сепак се забележува поголемо користење на мобилната платформа. За основачот Марк Закерберг, мобилната платформа ќе биде клучот за правење пари.

„Мит е дека Facebook Не може да прави пари од мобилната платформа. Тоа можеби беше точно минатата година, бидејќи тогаш не се ни обидувавме да направиме нешто.“, вели 28 годишниот Закерберг.

Facebook го објави својот финансиски извештај за третиот квартал во 2012 година во кој забележа 1,26 милијарди долари приходи. Но, иако ги надмина очекувањата на Вол Стрит, и иако забележа седум отсто пораст од вториот квартал, сепак мрежата пријави и 60 милиони долари загуба. И претходниот квартал Facebook забележа загуба од 157 милиони за третиот квартал во 2012 година.

Но, не е се така црно за Facebook, вели Марк Закерберг оптимистички најавувајќи дека од едната милијарда корисници, околу 600 милиони ја користат мрежата преку мобилни телефони.

„Луѓето кои го користат нашите мобилни продукти се поактивни, и веруваме дека ќе ја зголемат активноста како што ќе им претставиме нови продукти и ќе ја подобриме платформата.“

Овој оптимизам е оправдан со мобилните приходи од 152 милиони долари, што се дури 14 отсто од севкупниот приход од реклами кој е 1,08 милијарда долари.

Што се однесува до другите аспекти на мрежата, гејмингот на Facebook не толку популарен како што Закербег би сакал. Причината за ова е што мал број корисници решаваат да потрошат пари на друштвени игри. Приходите од играта во моментов се паднати за 9 отсто од претходниот квартал, од 192 милиони долари на 176. Затоа и Zynga, најголемото студио со најпопуларните игри како Texas Hold’Em Poker, FarmVille, MafiaWars и други, моментално се наоѓа во криза со 20 отсто помали годишни приходи. Но, интересно, вели Закерберг, другите студија во гејминг екосистемот забележуваат 40 отсто пораст.

Друштвената мрежа има над 1 милијарда корисници, а од нив околу 235 милиони корисници на Facebook играат друштвени игри. Бројот на гејмерите е пораснат за околу 30 милиони споредено од минатата година, но тој пораст е мал споредено со растот на бројот на корисници, кој скокна на милијарда од 750 милиони минатата година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk