Hell Clock: roguelike кој спојува историја со фантазија

За потребите на Hell Clock, развојното студио црпе инспирација од војната на Канудос (Guerra de Canudos), брутален конфликт што се случил во Бразил на крајот на 19-тиот век. Имено, Канудос била населба основана од верскиот водач Антонио Конселиеро. За брзо време, населбата станала прибежиште за илјадници сиромашни луѓе, поранешни робови и сите оние кои биле обесправени од новоформираната бразилска република. Кога жителите на Канудос одбиле да се покорат на новите власти и да плаќаат даноци, владата одговорила со брутална воена сила. Конфликтот завршил со целосно уништување на населбата и масакр врз околу 25.000 мажи, жени и деца.

Играта го зема овој трагичен историски настан и го обвива со мрачна, фантазиска прекривка. Во светот на Hell Clock, војната на Канудос е, всушност, тајно бојно поле помеѓу силите на рајот и пеколот. За време на оваа безвременска битка, вие ја преземате улогата на еден од преживеаните борци.

Одмазда и спасение

Вие играте како Пажеу – вешт воин кој се бори да ја спаси душата на својот паднат ментор, Антонио. Душата на Антонио е заробена од мрачни сили, а ваша задача е да се спуштите во пеколните длабочини за да ѝ пружите вечен мир. Секое спуштање во занданите е трка со времето, бидејќи пеколниот часовник (од каде и доаѓа името на играта – Hell Clock) неумоливо отчукува. Со секој обид, времето се извитоперува, но вашата моќ расте, овозможувајќи ви да се соочите со уште посилни демонски инкарнации на оние кои се обиделе да ја закопаат вистината за Канудос.

Брза акција и стратешко прилагодување

Hell Clock ги комбинира најдобрите елементи од ARPG и roguelike жанровите на забавен начин. Гејмплејот е исклучително брз и потсетува на класици како Diablo и Path of Exile, но со структура на roguelike налик на игри како Hades. Притоа, мора да користите навидум бескрајни комбинации и разорни способности додека сте во константна трка со времето.

Како што напоменавме претходно, секоја сесија е временски ограничена, што ве принудува да играте агресивно и брзо да носите одлуки. Мора да ризикувате и да навлегувате подлабоко во занданите за да пронајдете подобра опрема и ретки реликвии, но со тоа се изложувате на поголеми опасности. Вашата упорност ќе ве награди со огромен број на предмети, оружја и реликвии кои можат да се комбинираат на безброј начини. Ова ви овозможува да создадете уникатни и разорни билдови кои нудат импресивни и крајно разорни комбинации.

За да успеете во тоа, на располагање имате широк спектар на вештини – од брзи напади со нож, преку уништувачки удари со големото ѕвоно на Канудос, до агресивно напаѓање со вашето оружје. Hell Clock знае да биде онолку тешка колку што ќе и дозволите, одговаајќи на различни типови играчи. Ако сакате да уживате во приказната без притисок, можете да го вклучите Relaxed Mode, одстранувајќи го тензичното временското ограничување. За оние кои бараат вистински предизвик, пак, на располагање го имате Hardcore режимот, каде што смртта значи трајно губење на карактерот.

По завршувањето на кампањата, која се состои од три чина, играта не завршува туку го поплочува патот за Endgame Ascension системот, кој нуди сосема ново искуство. Можете да се искачувате низ Hell Mode, да создавате сопствени предизвици со помош на Penances и да исполнувате небесни ветувања за да ја добиете моќта на божествените соѕвездија.

Hell Clock е амбициозен проект кој успешно спојува зависен гејмплеј со длабока и емотивна приказна вкоренета во трагичната историја на Бразил. Со својата брза акција, бескрајни можности за прилагодување и уникатен сетинг, играта нуди освежувачко искуство за љубителите на ARPG и roguelike жанровите. Без разлика дали барате брутален предизвик или промислено патување низ историјата и правдата, Hell Clock се прилагодува на вашиот пат, нудејќи часови и часови забава во борбата против демоните од минатото.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk