Heroes of Mount Dragon: забавен brawler со до 3 играчи

во гејминг

Heroes of Mount Dragon е дебитантскиот наслов на студиото RuniQ, основано од индустриски ветерани кои претходно имаат работено на универзуми поврзани со Spider-Man, Crash Bandicoot и Skylanders. Поканети во мистичниот универзум на Уна, играате како еден од осумте шампиони обврзани со змејската душа. Вашата мисија е да се борите низ земји преплавени со чудовишта, да ја совладате уникатната борбена вештина на вашиот херој и да ја обновите хармонијата. Она што следи е динамичната акција која е двојно позабавна кога се игра со вашите пријатели!

Во Heroes of Mount Dragon, на располагање ви стојат шест различни херои, од кои секој е уникатно инфузиран со змејска душа и поседува сопствен стил на борба. Разновидноста ве охрабрува да експериментирате и да го пронајдете вашиот омилен стил, без разлика дали преферирате брзи и агилни напади или бавни, но разорни удари. Со фокус на градење разорни комбо-напади и изведување динамични акции, ќе можете и да се преобразите во змеј и да се пробиете низ орди непријатели. Напредувањето е обезбедено преку систем за надградби кој овозможува постепено зајакнување на вештините на хероите. Сево ова низ рачно изработените и живописни нивоа кои ќе ве остават без здив. Имено, Heroes of Mount Dragon нуди визуелно впечатлив свет кој комбинира 2D рачно нацртана уметност со 3D средини, што резултира со живописна 2.5D естетика. Секоја зона се одликува со уникатна шема од бои, длабочина и шарм, правејќи го светот опиплив и интересен за истражување.

Како што напоменавме во неколку наврати, Heroes of Mount Dragon во голема мера ја нагласува опцијата за мултиплеер, нудејќи и авантуристички и натпреварувачки искуства за повеќе играчи. Авантуристичкиот режим овозможува соработка до три играчи, како онлајн, така и преку локална соработка. Подразбирливо, заедничкиот пристап бара тактичка тимска работа за ефикасно поразување на чудовиштата и за постигнување на целите. Од друга страна, натпреварувачкиот режим на борби нуди див и хаотичен елемент каде пријателите можат да се предизвикуваат за да се види кој ќе доминира на бојното поле. Со воведување на интригантна механика на проклетства, можете да го нарушите ритамот на вашите (не)пријатели, да ги смалите, да им ги смените контролит, па дури да ги претворитe во жаба. Ваквите проклетства ja претвораат секоја борба во единствен тест за вештина, приспособливост и способност, правејќи ги бројните ситуации урнебесно смешни и забавни.

Heroes of Mount Dragon претставува привлечен предлог за љубителите на акционите игри, особено за оние кои уживаат во жанрот beat ’em up. Поради комбинацијата на длабок борбен систем, каде што фокусот е ставен на изведување комбо-напади и стратешка употреба на трансформацијата во змеј, играта нуди задоволувачко искуство за оние кои сакаат да ги усовршат своите вештини. Со локална соработка и онлајн мултиплеер, како и со уникатната механика на проклетства во натпреварувачкиот режим, играта знае да биде топ избор за брза и сигурна забава.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments