Сигурно сите ја знаете и некогаш сте ја играле оваа и не толку популарна игра која доаѓаше со самите инсталации на Windows. Тоа што не наведе токму Minesweeper да биде апликација на денот е нејзината преработка која ја има направено Марко Јакшиќ.
Марко има развиено сосема нова Minesweeper игра која ја има исклучително подобрено во дизајнерски аспект и е прва апликација за Windows Phone што ја презентираме во оваа рубрика. За тие што не се запознаени, можеби дел од помладата публика, Minesweeper е игра во која треба да предвидите каде се поставени мините и да ги исчистите сите полиња наоколу. Играта завршува со победа доколку ја исчистите целата мапа.
Тоа што Марко има направено во овој римејк, е тоа што има воведено сосема нов, модерен дизајн и неколку посебни „земји“ кои може да ги истражувате. Апликацијата е достапна во Windows Phone Store по цена од 0,99 долари.
[youtube]q3rhrjCjSqE[/youtube]