По разните најави, шпекулации и нагаѓања според тоа што PayPal ќе објави на својот сајт, сепак финансискиот сервис сè уште не нуди поддршка за Македонија.
Официјално нема датум. Не се знае кога ќе влезе PayPal во Македонија, тоа зависи од нив, објаснува Благица Андреева од Министерството за информатичко општество.
„Во комуникација со PayPal знаеме дека предусловите се исполнети. Во следниот круг на земји кои ќе бидат вклучени ќе биде и Македонија, но тоа ќе зависи од PayPal. Не се работи за вклучување на една земја, туку на вклучување на група земји. Затоа условите треба да бидат исполнети од сите.“
Кога и да влезе PayPal во Македонија, прво ќе биде овозможено да се купува преку сервисот. Потоа, како што е стандардната пракса, во рок од година дена ќе биде овозможено и да се примаат пари, што ќе помогне на македонските корисници полесно да продаваат добра преку Интернет и надвор од Македонија.
PayPal работи на своите системи за да биде технички спремен, да може да функционира и со македонската валута – денар, вели г-ѓа. Андреева. Можеби полисата за промени на наплаќањето која ја имаше и Македонија во листите на земји, која беше и причината за шпекулации за брз влез на PayPal во Македонија, е едностано средување на технички детали од страна на PayPal, средување на „нивни политики“. Кога прв пат се појави листата, PayPal нам и на други корисници кои прашаа им испрати имејл кој велеше дека „PayPal нема официјален датум за влегување во Македонија“.
Според г-ѓа. Андреева, од PayPal зависи кога тие ќе се решат да ја вклучат новата група земји. Во таа група ќе биде и Македонија.
Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.