Facebook ве следи и кога не сте логирани

5 коментари 2 мин. читање

Добро познат факт е дека Facebook и приватноста на корисниците не oдат заедно и покрај бројните обиди. Многу пати во минатото корисниците имаа проблем со Facebook и нивната навика постојано да ги менуваат подесувањата за приватност на профилите. Проблемот секако е што мрежата содржи купишта лични податоци од корисниците, што мора да бидат претпазливи за секој мал детал (или пропуст). Иако во последно време Facebook се обидува да ја поправи својата слика, и недостатоците поврзани со приватноста, ново откритие повторно ќе ги крене корисниците на нозе. Станува збор за модификувано „колаче“, кое постојано ја следи вашата интернет историја дури и кога не сте логирани на Facebook.

Хакерот Ник Кубрилович има извршено серија тестови според кои има дојдено до заклучок дека Facebook ги променува своите колачиња кога ќе се одлогирате, наместо да ги избрише. Бидејќи вашите уникатни информации се сè уште присутни во овие колачиња, и дури и да се одлогирате, кога ќе се упатите на било кој веб сајт кој содржи Facebook копче или виџет, веб прелистувачот продолжува да испраќа информации назад кон Facebook. Единствено решение за овој проблем е да се избришат сите Facebook колачиња.

На официјалниот блог на Ник Кубрилович, во коментарите се има јавено инжинер од Facebook според кој Facebook не ги користи овие колачиња за да ги следи корисниците, и сите добиени инфромации се користат за да им обезбедат на корисниците содржина која ќе одговара на нивните потреби. Информациите не се продаваат на трети странки, и после 90 дена се бришат оние информации кои се поврзани со корисниците. Се разбира дел од информациите се задржуваат, но се анонимни и се користат за подобрување на услугите и производите на Facebook.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top